Регион
Ердоган обвини за обид за економски удар врз Турција

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган говорејќи на шестиот конгрес на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) изјави дека во Турција бил извршен обид за економски удар, пишува „Џумхуриет“.
„Нема да се предадеме пред оние кои ни велат дека сме стратешки партнери, но всушност се обидуваат да не претворат во нивна стратешка цел“, рече Ердоган.
Турскиот претседател додаде дека противниците на неговата земја сакаат да извршат притисок врз Анкара, меѓутоа тој нема намера да го менува курсот. Рече дека Турција ќе остане силна и покрај обидот за економски удар и силните тензии помеѓу Анкара и Вашингтон.
„Турција е соочена со економски закани, санкции, девизни средства, каматни стапки и инфлација, но земјата ќе се спротивстави“, истакна турскиот претседател.
Партијата на Ердоган најави дека за време на денешниот конгрес ќе упати порака до целиот свет, но засега нема детали за што станува збор.
„Дозволете да биде изненадување, но ќе биде испратена порака на целиот свет. Ова нема да се однесува само на едно лице“, истакна заменик-претседателот на партијата на Ердоган.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.