Регион
Ердоган: Се договорив со Путин, Европа ќе добива руски гас преку Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека тој и рускиот претседател Владимир Путин се договориле за формирање центар за природен гас во Турција. Тој рече дека Европа ќе добива гас преку Турција, пишува „Ројтерс“.
Обраќајќи им се на членовите на неговата партија АК во парламентот, Ердоган рече дека Путин рекол дека Европа може да ги снабдува своите гасови од центар во Турција.
„Во Европа сега се занимаваат со прашањето како да се стоплат во претстојната зима. Ние немаме таков проблем. Со Владимир Путин се договоривме за создавање на гасен центар во нашата земја преку кој, како што вели , природен гас може да се испорачува во Европа. Европа да нарача гас од Турција“, рече Ердоган, пренесува руската прорежимска новинска агенција ТАСС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Црногорските студенти испратија барања до премиерот на јапонски јазик

Црногорските студенти, кои бараат разрешување на највисоките безбедносни функционери по смртта на тринаесет лица во масовното пукање во Цетиње, ги испратија своите барања до премиерот на јапонски, иронично надевајќи се дека тој ќе ги разбере подобро отколку на својот мајчин јазик.
Студентите бараат разрешување на црногорскиот министер за внатрешни работи Данило Шарановиќ и вицепремиерот за одбрана и безбедност Алекса Бечиќ, кои ги сметаат за политички одговорни за крвопролевањето на Нова година на 1 јануари. На протест во Подгорица претставници на неформалната студентска група „Камо сутра?“ преку разглас ги емитуваа барањата на јапонски за да ги слушне премиерот Милојко Спајиќ.
„Бидејќи нашиот премиер очигледно не ги разбрал добро барањата на црногорски, српски, хрватски и босански јазик, вечерва ќе ги повториме на неговиот мајчин јазик – јапонски“, рече Итана Драгојевиќ, една од членовите на студентската организација.
Премиерот Спајиќ зборува јапонски, бидејќи живеел и работел во Јапонија. Студентите организираа неколку протести и блокади на патиштата во Подгорица.
Регион
(Видео) Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Бугарија, десничарите против воведувањето на еврото

Приврзаниците на крајната десница денеска се судрија со полицијата за време на протестот за поддршка на бугарската валута лев и против воведувањето на еврото, јавува Анадолија.
Протестот се одржа пред Бугарската народна банка (БНБ) и пред претставништвото на Европската комисија во Софија.
Демонстрантите се обидоа да упаднат во зградата на претставништвото на Европската унија, користејќи црвена боја, петарди и молотови коктели. Околу 10 полицајци се повредени, а шест лица се уапсени.
Демонстрантите потоа ја запалија вратата од зградата на претставништвото на Европската комисија во Бугарија, јави репортерот на БГНЕС.
Бугарските парламентарци минатата година усвоија нацрт-закон за преминување на еврото како национална валута од почетокот на 2025 година. Сепак, влезот во еврозоната беше одложен поради високата инфлација и други економски фактори.
Предлог-законот ги регулира принципите, рамката и процедурите за воведување на еврото во Бугарија и ги утврдува правилата и преоден период за да им се даде време на граѓаните да се прилагодат на новата валута.
Регион
Возач во БиХ наполнил гориво и побегнал без да плати

На бензинска пумпа во БИХ, непознато лице наполнило гориво и си заминало без да плати.
Покрената е истрага за кражба на гориво, веднаш реагирала полицијата, пишуваат тамошните медиуми.
Инцидентот го пријавил во полиција, вработен на бензинската пумпа.
По пријавата патролата веднаш излегла на терен и започнала истрага.