Регион
Ердоган: Tрпеливо чекаме објаснување од принцот
 
																								
												
												
											Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека трпеливо чекаат објаснување од саудискиот принц, Мохамед бин Салман, за убиството на новинарот Џамал Кашоги.
Саудискиот новинар, дописник на „Вашингтон пост“, влезе во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул на 2 октомври и никогаш не излезе оттаму. По неколкудневниот притисок, официјален Ријад им дозволи на турските истражни тимови да влезат во зградата на конзулатот. За тоа време Саудиска Арабија, најверојатно, ги прикрила најважните докази, тврдат многу медиуми.
По неколку дена истрага, Ријад објави првични резултати од истрагата и посочи дека
Кашоги бил убиен во конзулатот за време на караница со неколку лица што во моментот биле внатре. Саудиска Арабија веднаш потоа објави и дека има приведено неколку лица поради можна вмешаност во убиството.
Турскиот претседател Ердоган пред само неколку дена испрати и аудиоснимки до пет држави и посочи дека сите веќе слушнале и знаат што се случило и дека сега останува на Саудијците да го идентификуваат убиецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Регион
Една година од трагедијата: Србија се промени, нема враќање назад
 
														Утре, ќе се одржи комеморацијиа на 16-те жртви од уривањето на настрешникот на железничката станица во Нови Сад, на годишнината од трагедијата што создаде нова слика за Србија, досега непрепознатлива. Ужасниот настан донесе со себе масовен протест на граѓани и студенти, проследен со сцени на единство, но и борба на режимот за опстанок, анализира „Индекс.хр“.
Граѓаните и студентите од цела Србија со денови пешачеа до Нови Сад за да одбележат една година од трагедијата, чиј епилог сè уште не сме го виделе. На тој 1 ноември 16 лица загинаа, а неколку беа тешко повредени. Шестмина осомничени, меѓу кои најистакнати се поранешните министри Томислав Момировиќ и Горан Весиќ, денес се на слобода или во домашен притвор.
Казната на Вучиќ што одекнува до ден-денес
„Сè реновиравме, само настрешникот не“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на денот на несреќата. Таа реченица сè уште одекнува денес.
Сè почна на 22 ноември кога еден млад човек беше нападнат за време на 16-минутното молчење на митингот пред Факултетот за драмски уметности. Насилството ја претвори комеморацијата во движење. Факултетите беа ставени во карантин, а „крвавата тупаница“ стана симбол на отпор.
Протести во секој агол од земјата
Протестите набргу се проширија во цела Србија, од блокадата на Славија и Автокоманда во Белград до масовни собири во Нови Сад и Ниш. По крвавите сцени во Нови Сад, премиерот Милош Вучевиќ поднесе оставка.
Речиси секој ден имаше барем еден протест, а според процените од Архивата на јавните собранија, независно тело за броење луѓе на демонстрациите, најмалку 100 града имаа некаков облик на масовно изразување незадоволство.
Она што ги обедини овие огромни протести беа четири студентски барања, од кои главното се однесуваше на документацијата за изградбата на железничката станица. Оваа година имаше многу пресвртни точки, но една од нив беше слоганот „не сте компетентни“, кој го повикува претседателот да престане да ги надминува своите уставно загарантирани овластувања.
Во декември демонстрантите ја исвиркаа прес-конференцијата на Вучиќ по што претседателот објави дел од документацијата. Сепак, анкетната комисија подоцна објави дека „недостига важен материјал“. Повеќе од 20.000 документи, половина милион страници, беа објавени на три владини веб-страници, но без клучни договори и записници.
Кога протестот почна да се смирува, нова искра ја запали толпата, еден студент беше прегазен за време на едноминутното молчење. Изјавата на Вучиќ „човекот само сакаше да помине“ повторно ги изведе луѓето на улиците.
Пролетно будење
Во текот на пролетта студентскиот бунт веќе полека прерасна во движење, а поддршката за исполнување на барањата растеше. Паралелно, владата почна да упатува сè посериозни закани, но сепак без да се вклучи во конфликт. Реченицата на Александар Вучиќ „да ги изнесеме ‘кобрите’ и да ги растераме сите“ ја потресе Србија во тој момент. Студентскиот бунт полека се градеше и кулминира, но времето отчукуваше.
Протестите кулминираа на 15 март, кога, според независни процени, речиси 300.000 луѓе излегоа на улиците. Два дена претходно, шест демонстранти беа уапсени, а исто толку ја напуштија земјата под обвинение за обид за „насилна промена на уставниот поредок“. Тој ден лидерите на владата си ги покажаа забите првпат.
За време на 15-минутното молчење, демонстрантите беа погодени од звучен бран, подоцна потврден како дејство на звучен топ. Владата првин го негира постоењето на уредот, а потоа самиот министер за полиција, Ивица Дачиќ, им го покажа на новинарите. Неговата употреба сè уште се негира, пишува новинарот на „Индекс.хр“.
Фото: ЕПА
Регион
Грција ќе почне доброволно да прима жени во вооружените сили
 
														Грција од почетокот на следната година ќе овозможи доброволно приклучување жени во вооружените сили, соопшти Министерството за одбрана. Обуката ќе трае од шест до 14 месеци и засега ќе се спроведува само во копнените сили.
Според министерот за одбрана, Никос Дендијас, целта е да се промени културата во армијата и да се обучат жени, кои, доколку е потребно, ќе служат заедно со мажите. Ќе бидат формирани и посебни женски единици со 100 до 150 припаднички.
Жените што доброволно ќе се приклучат ќе имаат можност подоцна да добијат постојани работни места во полицијата и во противпожарната служба. Неколку универзитети најавија дека ќе покриваат половина од школарината на студентките што ќе се пријават за воена обука.
Во моментот, жените сочинуваат околу 17 проценти од грчките вооружени сили, најчесто во административни должности. Грчките власти очекуваат голем интерес за новата програма.
Регион
(Видео) Лудило во парламентот на БиХ: „Би ја замолил пратеничката да не седи во скутот на министерот за финансии“
 
														Забавна сцена во парламентот на БиХ ги изненади пратениците среде сериозната дебата за државниот буџет.
За време на дебатата за државниот буџет на седницата на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ се случи ситуација што ги насмеа пратениците, но и ги збуни. Сè почна кога пратеникот на Демократскиот фронт, Златан Бегиќ, за време на својот говор коментира за симболиката на седницата велејќи дека министерот за финансии Срѓан Амиџиќ се појавил ноќта пред Ноќта на вештерките.
Додека Бегиќ зборуваше, пратеничката на СНСД, Сања Вулиќ, му се приближи на министерот Амиџиќ, го бакна во образот, ги избриша трагите од кармин, а потоа го прегрна и кратко му зборуваше. Моментот го забележа и Бегиќ, кој веднаш коментира.
„Би ја замолил мојата колешка да не седи во скутот на министерот за финансии додека разговараме за државниот буџет. Тоа е потценување на овој дом и на сите нас тука. Барам пауза за да можеме да ги доведеме пратениците во ред“, рече Бегиќ, пренесува „Слободна Босна“.


 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											