Регион
ЕУ ги отстрани Србија и Црна Гора од листата на сигурни земји

Земјите членки на ЕУ решија да ги отстранат Црна Гора и Србија од списокот на трети земји од кои може да се патува во ЕУ, без ограничувања. Ваквата одлука е поради зголемениот број на заразени со коронавирус, тврдат дипломатски извори.
По исклучувањето на Србија и Црна Гора, на списокот веќе нема европски земји од кои без ограничувања може да се влезе во ЕУ, освен можеби Грузија, држава чија територија е на границата меѓу источна Европа и западна Азија.
На списокот сега се наоѓаат 13 држави: Алжир, Австралија, Грузија, Јапонија, Јужна Кореја, Канада, Кина, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Тајланд, Тунис и Уругвај.
На состанокот на Комитетот на постојаните претставници на земјите членки на ЕУ имало предлози од списокот да се отстранат и Алжир и Мароко, но ваквата сугестија не добила поддршка.
Земјите членки на ЕУ решија од 1 јули да ги укинат ограничувањата за влез на нивната територија од трети земји, кои имаат слична или подобра епидемиолошка состојба во однос на коронавирусот.
Списокот ќе се ревидира и ажурира на секои две недели според развојот на епидемиолошката состојба. Ограничувањата може да бидат укинати во целост или делумно или повторно да се воведат за земјите во согласност со промените на состојбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Додик се сретна со Нетанјаху

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска во Ерусалим се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Додик го поздрави и разговараше со израелскиот премиер Нетанјаху, кој е говорник на Меѓународната конференција за борба против антисемитизмот, на која присуствува и претседателот на Република Српска, пренесува РТРС.
Претходно на конференцијата Додик зборуваше за пораките за поддршка од Република Српска за Израел и рече дека високиот претставник за Босна и Херцеговина Кристијан Шмит се обидел да го спречи неговото доаѓање на конференцијата.
Регион
Вучиќ: Во понеделник ќе почнам со консултации за составот на новата влада

Претседателот Вучиќ вечерва најави дека во понеделник ќе ги започне консултациите за составот на новата влада.
„Ќе видиме што ќе кажат тие што го имаат мнозинството, дали сакаат да формираат влада или сакаат да одат на избори. Чекам прво да ми кажат претставниците на мнозинството, тие што имаат гласови да изберат нова влада, дали ја сакаат таа влада или сакаат да истече времето и да одат на избори. Значи, има две опции“, рече тој.
Тој посочи дека штом му кажат дека обезбедиле мнозинство за мандатарот, негова уставна обврска е да им даде мандат.
Штом ќе ме убеди опозицијата дека имаат 126 гласа, јас ќе им дадам мандат. Значи, тие доаѓаат кај мене, велат имаме 126 гласа за таа влада, во тој момент добивате мандат“, рече Вучиќ.
Регион
Три земјотреси за еден час: се тресеше во Грција

Три земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, денеска ја погодија Патра, на западот на Грција, јавува „Катимерини“.
Сите три земјотреси се случиле за речиси еден час, а епицентарот бил на околу пет километри од општината Еримонтос.
Според податоците на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, првиот земјотрес се случил во 12.21 часот со измерени 2,9 степена според Рихтеровата скала.
Вториот земјотрес се случи во 13.11 часот со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, а третиот земјотрес е регистриран во 13.14 часот и беше со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала.