Регион
ЕУ ги предупреди Приштина и Тирана по најавата за отворањето на границата

Приштина и Тирана се обврзани целосно да ги почитуваат одредбите од Спогодбата за асоцијација и стабилизација, кои се однесуваат на коректно управување со границите, предупреди портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.
„Косово и Албанија се обврзани на коректно управување со границите и граничните премини преку целосно почитување на условите што произлегуваат од европската Спогодба за стабилизација. Очекуваме да се однесуваат во согласност со тоа“, порача Коцијанчич.
Во соопштение доставено до „Танјуг“ по повод повикот на директорот на Канцеларијата на Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, до Брисел да се изјасни по најавата на косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, за отворање на границата помеѓу Косово и Албанија од Нова година, Коцијанчич рече дека ЕУ обично не коментира коментари, но истакна дека во момент кога претседателите Вучиќ и Тачи продолжуваат да работат во рамките на дијалогот, неопходно е да се избегнат провокативни (или оние што звучат така) изјави или акции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.