Регион
Загрепчанка го блокира сообраќајот фрлајќи му ги работите на момчето низ прозорецот
„Жена ги фрла работите во 7 часот наутро среде Загорската улица, летаат барски столчиња, маса, шишиња, теписи, патики, книги и сл.“, така очевидците ја опишаа ситуацијата на една од најфреквентните улици во Загреб.
Поради работите расфрлани на улица, сообраќајот бил блокиран, па дури не поминал ни автобусот на ЗЕТ број 118 поради што луѓето доцнеле на работа. Оние што се најдоа таму на социјалните мрежи објавија дека фрлањето на работите се случило поради љубовна драма.
Zagorska kod selske zatvorena! Cura baca stvari pd dečka sa zgrade.. #Hrvatska #Zagreb pic.twitter.com/zMO6f0wiI0
— Kreshimir (@shokre_hrvoje) December 21, 2018
„Загорска кај селска затворена! Девојката му ги фрла работите на момчето“, пишуваат тие.
Загрепската полициска управа потврди дека интервенирала во Загорската улица, а на жената ѝ била укажана медицинска помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Приштина прогласи вонредна состојба поради ѓубрето: „Ризикот од епидемија е голем“
Приштина, главниот град на Косово, прогласи вонредна состојба поради големото количество ѓубре на улиците, јавува агенцијата „Анадолија“.
Градоначалникот на Приштина,Перпарим Рама, изјави дека регионалното јавно претпријатие „Пастрими“, единственото претпријатие одговорно за собирање смет во градот, не ја извршува ефикасно својата должност.
Истакнувајќи дека „Пастрими“ нема капацитет самостојно да го преземе управувањето со отпадот, Рама рече: „Ќе продолжиме со вонредната состојба што ја прогласивме, да ангажираме приватни компании да помогнат за правилно чистење на главниот град“.
Властите велат дека теренските увиди од екипи утврдиле висок ризик од епидемија поради смет и дека состојбата е алармантна.
Во некои населби во Приштина со денови не се празнат контејнерите за ѓубре.
Извршниот директор на компанијата „Пастрими“ Петрит Речица реагираше на критиките дека компанијата со која раководи не си ја врши работата како што треба.
„И покрај сите тешкотии, работиме без престан 24/7 и не се откажуваме од нашата единствена цел, а тоа е да ја исчистиме Приштина од ѓубре“, напиша тој на социјалните мрежи.
Поради слична ситуација, Приштина прогласи вонредна состојба во 2024 година и вклучи приватни компании во процесот на управување со отпадот.
Но, подолгорочно решение опозицијата го спречи со донесување на уредба со која „на фирмата „Пастрими“ и се даде ексклузивно право да ја дава оваа услуга.
Регион
Даночната управа во БиХ објави изненадувачки податоци за бојкотот: прометот поголем од вообичаеното
Бојкотот на продавниците организиран на последниот ден од јануари во Босна и Херцеговина во знак на протест против високите цени, според податоците на Даночната управа, не ги даде очекуваните резултати, а организаторите на акцијата најавуваат нови подолгорочни мерки.
Официјалните статистички податоци покажуваат дека прометот во продавниците на 31 јануари бил еднаков или дури поголем од претходните денови. Според податоците на Даночната управа на Босна и Херцеговина, продавниците оствариле промет од 52,1 милиона евра, што е уште повеќе од претходниот ден кога изнесувал 51,9 милион, а значително повеќе од пред една недела кога прометот бил 47,2 милиони евра.
И покрај неочекуваната статистика, организаторите на бојкотот не се откажуваат и најавуваат нови подолгорочни акции, кои имаат цел да ги притиснат трговските синџири да ги намалат цените и да обезбедат пофер услови за потрошувачите. Планиран е повеќедневен бојкот, како и промовирање алтернативни форми на купување производи директно од производителите и локалните трговци на мало. Така, за работните денови од понеделник до петок, 6 февруари, организаторите ги повикаа граѓаните да ги намалат набавките, а в петок, 7 февруари, и в сабота, 8 февруари, повикуваат на тотален бојкот на продавниците.
Регион
Земјотрес од 6 степени според Рихтер би бил катастрофален за Санторини, цунами е малку веројатно, но не и невозможно, вели грчки експерт
Земјата во Грција не мирува веќе 10 дена, а стравот и агонијата кај жителите на Санторини се зголемуваат бидејќи сеизмичката активност не стивнува. За оваа ситуација се огласи истражувачот Костас Папазахос, кој за грчките медиуми зборуваше за последиците што може да ги има земјотресот на грчкиот остров.
„Ова е еден од најтешките периоди во овој грчки регион. Тоа не мора да значи дека ќе има силен земјотрес, само е можно да се ослободи топлинска енергија и да имаме помали земјотреси на Санторини, кои траат долго време“, објаснува експертот.
„Од сè што слушнавме во последните денови, има работи што мора да ги знаеме и работи што не би можеле да ги знаеме. Прво, во светот постои сериозна научна технологија, која би го проценила ризикот од земјотреси. Има некои индикации“, објаснува.
Тој вели дека земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала или посилен би бил катастрофален за грчкиот остров.
„Секако, доколку се случи земјотрес од оваа јачина, ќе има штети во радиус од 225 километри“, објаснува Костас.
Костас посочува дека е малку веројатно оти би се случило цунами во Грција, но не и невозможно. Секако, земјотресот може да предизвика големи штети на зградите, главно постарите.
„Многу е тешко да се дефинира кога може да се појави таков проблем, може да трае неколку дена, недели… Има случаи што траат една недела, а некои и неколку месеци. За жал, ова е непредвидливо“, вели тој.
Што се однесува до вулканската активност, тој вели дека се работи за две сосема спротивни појави што се случиле во блиски временски периоди. Вулканот со месеци доживува деформација во рамките на Калдерата, што доведува до мали земјотреси или ниска сеизмичност.
„Тоа е вредно за внимание поради што Цивилната заштита излезе со соопштение за благa сеизмичност. Оваа интензивна сеизмичност сега е втора појава поради што Санторини е нападнат од две страни“, вели Костас.