Регион
Задолжителен негативен ПЦР-тест за влез во Грција

Од денеска до 30 ноември секој што ќе пристигне во Грција со меѓународни летови, мора да приложи негативен ПЦР-тест, направен 72 часа пред патувањето.
Одлуката стапи во сила од денеска и ќе важи за периодот додека земјата е во карантин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Не успеа ниту новиот обид за избор на претседател на косовското собрание

Собранието на Косово и енеска не го избра Аљбуљен Хаџиу за претседател на собранието.
При гласањето Хаџиу доби поддршка од 54 пратеници, 44 беа против, а три лица беа воздржани.
За него гласаа пратениците на Самоопределување, како и пратениците на малцинските заедници, освен Адем Хоџа, кој гласаше против.
На седницата не учествуваше пратеничката Дуда Баље, која досега гласаше против.
Против гласаа членовите на Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово и Алијансата за иднината на Косово.
Претставниците на досегашната опозиција, по седницата, изјавија дека сè ова личи на театар и ја обвинија победничката партија дека намерно го спречува конституирањето на парламентот бидејќи нема гласови за формирање на новата влада на Косово.
Од друга страна, Самоопределување ги обвини пратениците на поранешната опозициска партија дека го блокираат нивниот предлог.
Продолжението на конститутивната седница на косовскиот парламент е закажано за 1 мај.
Регион
По две недели, студентите ја прекинуваат блокадата на РТС

Студентите во Белград вечерва објавија дека ја прекинуваат блокадата на зградата на Радио и телевизија на Србија, објави Б92.рс.
Тие на социјалните мрежи објавија дека ја прекинуваат блокадата што беше воведена од 14 април, откако Комисијата за култура и информации донесе одлука за откажување на стариот конкурс и распиша нов конкурс за избор на членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ).
Министерот за информации и телекомуникации, Борис Братина, синоќа изјави дека верува оти распишувањето на нов конкурс за избор на членови на советот на РЕМ, кој беше поставен како услов за прекин на блокадата на РТС, нема да ја заврши кризата околу јавниот сервис.
„Прво, оние што протестираат пред РТС всушност се на погрешна адреса. Бидејќи РЕМ се наоѓа на различна адреса од РТС, и тоа е она што всушност најмногу ги интересира, како и многу други. Генерално, тоа е еден вид борба за тој РЕМ, бидејќи највредните работи таму се всушност овие природни ресурси, со други зборови, фреквенциите што ги доделуваат“, истакна Братина.
Тој рече дека Владата добила писмо од директорот на РТС, во кое се наведува дека новинарите немаат услови да работат од дома, дека ситуацијата е тешка, дека програмата е доведена во прашање, но дека никаде не е наведено зошто.
Поради блокадата, РТС ја емитува својата програма според изменет распоред, а јавниот медиумски сервис објави дека вработените вложуваат големи напори за реализација и емитување на програмата, и покрај, како што велат, нелегалната блокада на зградата, студиото, емитувачката и другата опрема, како и прогонот на новинарите и снимателите на терен.
Регион
(Видео) Нападнат декан на факултет во Нови Сад; Брнабиќ: Кој сака да живее во ваква држава?

На протестите во Нови Сад нападнат бил деканот на Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад, Патрик Дрид, кој со возило на брза помош бил пренесен во болница, објавија српските медиуми.
Според медиумите, демонстрантите кои се собрале пред Факултетот за спорт и физичко образование (ДИФ) во Нови Сад не им дозволиле на деканот на Факултетот, Патрик Дрид, и на професорите да влезат во зградата на факултетот.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, го осуди нападот.
„Згрозена сум од насилството, садистичкото, нечовечко дивеење и нападот врз професорот Дрид во Нови Сад. Ајде повторно – кој сака да живее во ваква земја? Кој сака Србија да стане земја каде што полудени бандити линчуваат луѓе по улиците и се радуваат затоа што се повредени? Какви луѓе се овие што блокираат амбулантно возило во кое е повреден човек, што и да мислите за нив?! Во исто време додека го напаѓаат професорот Дрид во Нови Сад затоа што влегол на државен факултет како ДЕКАН, блокадорите во Ниш го нападнаа Клиничкиот центар Ниш, со цел физички да ги спречат студентите на Медицинскиот факултет да посетуваат клинички курсеви и да лекуваат луѓе! Монструозно. Секој што учествува во вакво безумно дивеење на улиците на Србија мора да биде повикан на одговорност! СТОП НА НАСИЛСТВОТО!
Zgrožena sam i zapanjena nasiljem, sadističkim, neljudskim divljanjem blokadera nad profesorom Dridom u Novom Sadu. Hajdemo ponovo – ko želi da živi u ovakvoj državi? Ko želi da Srbija postane zemlja u kojoj pomahnitali nasilnici linčuju ljude na ulici i raduju se zato što su… pic.twitter.com/NwUk5i9TQa
— Ana Brnabic (@anabrnabic) April 28, 2025
Министерот за правда Ненад Вујиќ, изјави дека денешното однесување на демонстрантите е јасен напад врз таа институција и насилно спречување на вработените да работат.
„Неприфатливо е насилни поединци да си даваат право да ја спречуваат работата на факултетите и професорите да си ја вршат својата работа“, рече Вујиќ.
Тој додаде дека очекува надлежните органи да реагираат и да им овозможат на деканот и професорите непречено да ги извршуваат своите работни задачи, како и да ги гонат одговорните за нападот.