Регион
Запалена куќата на чичкото осомничен за убиството на 11-годишното девојче во Грција

Куќата на чичкото, кој е осомничен за убиство и обид за силување на 11-годишното девојче во Грција, вчера, пред погребот, била опожарена.
Објектот бил запален неколку минути пред погребот на малата Василики, која исчезна во неделата, а нејзиното тело со многубројни повреди беше пронајдено во понеделникот на нива, пренесуваат медиумите во регионот.
Осомничениот за убиството признал дека сакал да има односи со девојчето, но кога таа го одбила, ѝ се заканил дека ќе им каже на родителите и ја избол со шрафцигер и ѝ го фрлил телото во полето.
Локалните медиуми јавуваат дека група непознати лица фрлиле факли кон домот на чичкото, а се верува дека станува збор за чин на одмазда за бруталната смрт на девојчето.
Пожарникарите брху пристигнале на местото на настанот и го локализирале пожарот, а како што се наведува, во куќата во моментот на нападот не биле членовите на семејството на осомничениот бидејќи претходно го напуштиле селото стравувајќи дека може да се случи такво нешто.
Според написите, многубројни членови на семејството на убиената девојка и нивни пријатели сакале да го линчуваат осомничениот додека тој вчера беше донесен во обвинителството да даде исказ. На крајот, обвинителот мораше да оди во притворското одделение за да го сослуша осомничениот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.
Регион
Албанска министерка го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење

Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење во ресторан во САД, објавува „Спутник“.
Таа потврди на социјалните мрежи дека го сторила тоа врз основа на пријавата на албански државјанин кој живее во Њујорк, каде што бил во посета нејзиниот заменик Анди Махила. Како што изјави, тој пушел цигара во ресторанот „што предизвикало немир кај присутните“.
Албана Кочиу е првата жена на чело на полицијата во историјата на Албанија, а во претходната влада беше министерка за здравство.
Фото: принтскрин
Регион
Улиците во Белград оштетени за време на воената парада

Јавното комунално претпријатие Белград (ЈКП) доби наредба денес да излезе на терен и да започне со поправка на патиштата оштетени за време на воената парада „Силата на единството“ во саботата во српскиот главен град.
Членови на кабинетот на српскиот министер за одбрана и Секторот за инфраструктура и стандардни услуги вчера ја посетија рутата на парадата со претставници на Град Белград, Јавното комунално претпријатие Путеви Београда и ЈКП Белград за да ја утврдат штетата предизвикана за време на подготовките и одржувањето на парадата.
На жителите на Белград претходно им беше ветено дека сè ќе биде вратено во првобитната состојба, објавува Нова.рс.
Во саботата во Белград се одржа воена парада насловена како „Силата на единството“, на која учествуваа околу 10.000 војници. На парадата присуствуваа претставници на српскиот државен врв, предводени од претседателот Александар Вучиќ.
фото: принтскрин