Регион
Почна ексхумацијата на настраданите во хрватската воена операција „Бура”
На подрачјето на Личко-сењската жупанија почна ексхумацијата на преостанатите гробници, каде што се закопани посмртните останки на жртви во хрватската воена операција „Бура“.
Се очекува процесот на ексхумација во оваа област да трае два работни дена, а од сите ексхумирани остатоци ќе бидат земени примероци за идентификација преку ДНК-анализа, соопшти српската владина Комисија за исчезнати лица.
Надлежните органи на Хрватска, по двегодишна пауза, го продолжуваат процесот на ексхумација на гробовите во кои се закопани српски жртви во операцијата на хрватската армија и полиција.
Продолжувањето на ексхумацијата е од особена важност за семејствата на исчезнатите лица, кои со години сакаат достоинствено да ги погребаат своите најблиски, се наведува во соопштението на српската Комисија.
Со четиридневната офанзива со име „Бура“ заврши војната во Хрватска од 1991 до 1995 година. На 4 август 1995 година хрватската армија поведе широка артилериска и пешадиска офанзива за враќање на територијата, која четири години беше под контрола на тамошните Срби. Операцијата почна со гранатирање на големите српски градови во регионот Краина, кој беше под заштита на Обединетите нации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Продолжуваат потресите во Грција по силниот земјотрес на Лезбос
Продолжуваат афтершоковите по силниот земјотрес на островот Лезбос со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала.
Според властите на островот, нема повредени. Многу жители ноќта ја минаа надвор, во автомобили и шатори, поради честите последователни потреси. Има срушени ѕидови на згради и паднати карпи на патиштата, кои се затворени. Поради безбедност на пожарникарите, властите забранија спасувачка акција во ноќните часови.
Од рано утрово технички екипи ја проверуваат состојбата на јавните објекти. Училиштата ќе останат затворени додека не се потврди дека се безбедни. Според податоците на опсерваторијата во Атина, земјотресот бил на 5 километри длабоко во морето, веднаш до островот.
Според сеизмолозите, епицентарот е познат и пред четири години е регистриран силен земјотрес.
Жителите на островот се предупредуваат да бидат крајно внимателни и да не стојат во близина на предмети што може да паднат.
Регион
Транспаренти со крвава тупаница со среден прст во Белград
На неколку места во Белград се појавија транспаренти со натпис „Одговорот на српскиот народ на обидот за обоена револуција“ заедно со илустрација на црвена рака, на која се гледа средниот прст.
Црвениот (крвав) отпечаток од раката е еден од симболите на протестите организирани во Србија по уривањето на натстрешникот во Нови Сад.
Но, во последните 24 часа се појави втора црвена рака – онаа со свиткани прсти.
Од Српската напредна партија на Вучиќ сè уште не одговорија дали стојат зад оваа акција.
Регион
Десетици дојави за бомби во училиштата во Бугарија
Десетици пријави за подметнати експлозивни направи се пристигнати на електронската пошта на училиштата во повеќе градови во Бугарија.
Од бугарското МВР објаснуваат дека се вршат проверки.
Има извештаи за образовни институции во Стара Загора, Враца, Варна и Софија, пишува БНР.бг.
Во Софија има над 20 училишта кои добиле известувања по е-пошта за подметнати експлозивни направи. Во сите згради на воспитно-образовните институции во овој момент се вршат контроли.