Регион
Захарова: Косово е црна дупка во Европа, неуспешен проект на Западот

Косово не е држава и нема никакви можности, вели портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, оценувајќи дека денес тоа е црна дупка во Европа, каде што цвета организираниот криминал и корупцијата и каде што има атмосфера на национално и верско ниво и се создава омраза и нетрпеливост, пренесуваат медиумите во регионот.
Во интервју за „Курир“, Захарова вели дека западниот проект Косово пропаднал, без оглед, вели таа, на огромните пари што биле „пумпани во него“.
Според написите на медиумите, Захарова вели: „Новите косовски власти, предводени од премиерот на привремените институции на Приштина, Албин Курти, проповедаат отворен политички екстремизам. Косово стана проблем за европскиот континент”.
Захарова потсетува дека таканаречените бриселски договори биле усогласени во 2013 година и дека Белград го исполнил својот дел од тие решенија, додека Приштина одбила да го обезбеди клучниот услов – создавање на Заедница на српски општини, пренесуваат регионалните медиуми.
„Актуелните косовски власти воопшто не сакаат да го разгледаат ова прашање, а Брисел се ограничува на лабави повици, без конкретни чекори“, рече Захарова, која истакна дека не ја гледа поентата во вклучувањето на Русија во процесот на преговори.
„Дијалогот беше започнат во согласност со резолуцијата на Генералното собрание на ООН, која Белград побара од нас да ја поддржиме. Тоа е она што го сторивме“, вели Захарова.
Таа исто така посочува дека односите меѓу Русија и Србија се засноваат на долга традиција, заемно почитување и разновидна заемно корисна соработка.
„Русија соработува со Србија под услови на еднаквост, зајакнување на производствените капацитети, енергија, инфраструктура, создавање предуслови за развој во корист на сите граѓани“, посочи Захарова.
Таа потсети дека Договорот за слободна трговија меѓу Србија и земјите на ЕАЕУ – Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан и Киргистан – ќе стапи на сила на 10 јули, додавајќи дека документот отвора нови големи можности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Гореше зграда во Анкара, бебе и двајца возрасни загинаа, 26 лица се повредени

Три лица, меѓу кои и тримесечно бебе, го загубија животот во страшен пожар што избувнал синоќа околу 22:00 часот во станбена зграда со 26 ката во квартот Чанкаја, во главниот град на Турција, Анкара.
Според информациите на турските власти, огнот избувнал на четвртиот кат од зградата, а пламенот брзо се проширил на повисоките катови. Екипите на противпожарната служба работеле скоро четири часа за целосно да го стават под контрола пожарот, објави државниот сервис ТРТ.
На терен биле испратени и екипи на Брза помош, кои згрижиле 26 лица со повреди, од кои 20 биле префрлени во три различни здравствени установи – Анкара Билкент, Етлик болницата и клиниката при Медицинскиот факултет на Универзитетот Гази.
Од повредените, едно лице се наоѓа во критична состојба.
Дополнително, 39 лица, вклучувајќи седум пожарникари, се пожалиле на симптоми на труење со чад и добиле медицинска помош.
Властите започнаа истрага за причините за пожарот, кој ја потресе јавноста во Турција.
Регион
Скопјанец упасен во Албанија, Австрија го бара за издржување 20 години затвор

Во рамки на акцијата „Операција 54“, албанската полиција уапси македонски државјанин кој се барал со меѓународна потерница издадена од австриските власти за сериозни кривични дела, меѓу кои трговија со дрога, закани, изнуда и телесна повреда.
Како што информира Дирекцијата на силите за специјални операции во Албанија, приведен е 41-годишниот М.А. од Скопје, кој бил лоциран и уапсен на албанска територија.
„Лицето М.А. е баран со потерница од Јавното обвинителство во Инсбрук, Виена, за кривични дела за кои со австрискиот Кривичен законик е предвидена затворска казна до 20 години“, се наведува во соопштението од албанската полиција.
При апсењето кај осомничениот била пронајдена и марихуана, која е запленета како доказ во текот на истрагата.
Постапките за екстрадиција на осомничениот се во тек, во координација меѓу Интерпол Тирана и австриските правосудни органи.
Ова е втор случај на апсење на македонски државјанин со меѓународна потерница во Албанија овој месец. На 6 јули, на граничниот премин „Ќафасан“ кај Струга, беше приведен 34-годишниот А.А. од Кичево, кој се бараше од швајцарските власти и е осуден на 20 години затвор за меѓународна трговија со дрога.
Регион
Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.
„Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, изјави Вучиќ.
Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.
Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ.
„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси – одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, додаде Вучиќ.