Регион
Захарова: Промена на границите? Нема ли да имате проблем со тоа?

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која се наоѓа во посета на Белград, не одговори на прашањето каков е ставот на Русија по прашањето за разграничувањето меѓу Србија и Косово и возврати со контрапрашање.
„Извинете, можеби не е правилно да одговорам на прашање со прашање, но нема ли вие да имате проблем со тоа? Тоа не е прашање за Русија, туку за Србија. Да повторам, нашиот став е непроменет во текот на повеќе години, нашиот став е практично заснован на меѓународното право и резолуцијата 1244“, наведе Захарова.
Таа истакна дека Русија со почитување ќе го прифати решението што ќе го избере Србија. Истовремено, додаде дека доследноста е основна особина на руската надворешна политика и дека Белград го знае тоа. Захарова истакна дека Русија нема да ја прифати лагата дека Косово било одвоено од Србија врз основа на референдумско изјаснување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.