Регион
За само еден ден фатени околу 220 нелегални мигранти во Турција

Турската полиција и крајбрежната стража во текот на денешниот ден фатиле околу 220 мигранти кои нелегално се обиделе да преминат на грчките острови.
Турската крајбрежна стража најпрвин открила чамец со 58 нелегални мигранти во близина на западната турска покраина Измир, во обид да преминат на грчките острови.
Во вториот случај пак, од страна на турската полиција биле фатени околу 140 мигранти, кои илегално влегле во земјата, додека во третиот случај се фатени околу 20-тина нелегални мигранти.
Меѓу мигрантите има државјани на Сирија, Ирак, Сомалија, Авганистан и Бангладеш, кои заедно со своите жени и децаа тргнале на пат кон Европа.
Полицијата привела и пет лица кои се осомничени поради обвиненија за криумчарење луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.