Регион
Зголемен бројот на хоспитализирани и заразени лица во Словенија

Во Словенија се потврдени 50 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, но тестирани се само 984 примероци, што е третина од бројот на тестови во работните денови.
Минатата недела се тестирани значително повеќе луѓе, а бројот на новозаразени надмина 100, па во саботата, врз основа на 2.288 тестови, откриени се 111 нови случаи.
Во Словенија моментално има 1.280 активни случаи, а зголемен е и бројот на хоспитализирани кои во моментов се 70, четири повеќе од претходниот ден, пренесува „Хина“.
Нови дневни случаи се евидентирани во 30 различни општини, а повеќето од нив се во Љубљана, Марибор и Словенске Коњице, по пет.
Од почетокот на епидемијата во Словенија се заразени 4.478 лица, од кои 142 починале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Тројца пациенти од Кочани се примени во болница во Варна

Тројца повредени во пожарот во Кочани вчера се примени на Клиниката за изгореници при ВМА-Варна, јави Бгнес.
Тие беа пренесени во Варна со воениот авион Спартан, кој првично слета во Софија, каде што пет пациенти беа сместени во болницата Пирогов.
Бугарија се обврза на лекување на 14 повредени во пожарот во Кочани.
Во пожарот што избувна во дискотека во Кочани животот го загубија 59 лица.
Регион
Авион на српската армија со 12 повредени во пожарот во Кочани пристигна во Белград

Дванаесет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани вчера вечер се пренесени од Македонија во Белград со авион CASA C-295 на српската армија, кои ќе бидат згрижени во Воената медицинска академија и во Клиничкиот центар на Србија, јави Танјуг.
Претходно, авион со четворица лекари и четворица медицински техничари полета за Македонија за медицинска евакуација на повредените во несреќата. Двајца пациенти кои претходно биле пренесени од Македонија со воени амбулантни возила се на лекување во Воената болница Ниш и Клиничкиот центар Ниш. За да им се пружи помош на повредените, планирано е двајца лекари од ВМА (пластичен хирург и анестезиолог) и еден медицински техничар – инструмент-оператор да останат во Македонија, пренесе српски Телеграф.
Најмалку 59 лица загинаа во пожарот што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Регион
Новак Ѓоковиќ го објави македонското знаме со црна панделка

По големата трагедија се случи во Кочани, Македонија, каде што најмалку 59 лица го загубија животот по пожар во дискотека се огласи и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Тој на социјалните мрежи го објави знамето на Македонија со црна позадина, испраќајќи поддршка до семејствата на загинатите и повредените.