Регион
Земјотреси утрово во Албанија и Грција
Во шест часот наутро земјотрес со магнитуда од 3,2 степени според Рихтеровата скала ја стресе Албанија.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 94 километри северно од градот Саранда и грчкиот остров Крф.
Потоа следеа уште неколку помали потреси, од 2,1 и 2,5, 3 и 2,7 степени според Рихтер.
Земјотрес со помал интензитет утрово бил регистриран и во Грција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Рама со остри критики за самитот за климатските промени: Што, всушност, правиме на оваа средба, луѓето таму јадат, пијат и се фотографираат
Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикува самитот за климатските промени COP 29 во Баку и се прашуваше која е смислата на меѓународните преговори за климата доколку најголемите загадувачи не го променат своето однесување.
„Луѓето таму јадат, пијат и се фотографираат. Ова ми изгледа како она што се случува секој ден во светот. Животот продолжува со старите навики, а нашите говори – полни со убави зборови за борбата против климатските промени – не менуваат ништо“, рече Рама, пишува „Гардијан“.
Рама укажа на вчерашната изјава на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој посочи дека емисиите на јаглероден диоксид се зголемени од последниот самит на COP.
„Што значи за иднината на светот ако најголемите загадувачи продолжат како досега. Што, всушност, правиме на оваа средба повторно и повторно ако не постои заедничка политичка волја да се премине од зборови на дела и да се постигне единство за вистинска промена“, праша Рама.
Регион
Почуствуван земјотрес во Риека
Денеска, во 11.03 часот, посилен земјотрес е почувствуван во Риека. Според првите податоци на ЕМСЦ, магнитудата е 3,0 степени според Рихтеровата скала.
На веб-страницата на ЕМСЦ луѓето почнаа да коментираат: „Мила мајко, што е ова“, „Туп, а потоа туп, како да паднало нешто тешко“; „Добро татнеше“; „Треше две секунди, но удри посилно“, „Беше гласно и се тресеа чашите“, ова се дел од коментарите.
#potres (#earthquake) 13.11. u 11:03 kod Rijeke, M3.4. Opširnije na https://t.co/dxab6Lctyg. Ako ste osjetili potres, molimo javite na https://t.co/RJDaIJlwpM
— Seizmološka služba HR (@seizmo_hr) November 13, 2024
Некои читатели од Риека контактираа и со „Вечерњи лист“: „Добро се тресеше. Не ни беше сеедно“, рекла жена од центарот на Риека, а друга додала: „Водата во чашата ми се тресеше. Бевме навистина исплашени“.
Регион
Тело на Британец пронајдено во стан во Белград: сопственикот отишол да го посети бидејќи не се јавувал на телефон
Во стан во белградска населба синоќа бил пронајден мртов А. З. (53) од Велика Британија.
Безживотното тело на Англичанецот го пронашол сопственикот на станот што му го изнајмил.
Според неофицијални информации, сопственикот на станот не можел да дојде до него цели 7 дена, па отишол да види што се случува и на подот нашол грозоморна сцена.
За случајот бил информиран обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Белград.
Наредена е обдукција со токсикологија.