Регион
Земјотрес во Хрватска – почувствуван и во Загреб
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди подрачјето на Банија утрово околу 7 часот и 33 минути, соопшти ЕМСЦ.
Како што се наведува, епицентарот бил на пет километри западно од Петриња и 13 километри јужно од Сисак.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од пет километри, а бил почувствуван во Петриња, Сисак и околните места.
Жителите на овие места велат дека земјотресот бил силен и се чувствувал долго време.
Корисниците на социјалните мрежи објавија дека земјотресот бил почувствуван и во Загреб.
?#Earthquake (#potres, #zemljotres) M4.0 occurred 13 km S of #Sisak (#Croatia) 4 min ago (local time 07:33:36). More info at:
?https://t.co/LBaVNedgF9
?https://t.co/z91Q0zRF3y
?https://t.co/BjPOO9mc5r pic.twitter.com/BtdOe2n09Y— EMSC (@LastQuake) February 11, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Генерален штрајк во Србија, протест закажаа и адвокатите
Генералниот штрајк или „општа граѓанска непослушност“ на кој беа поканети граѓаните на Србија од студентите во блокадата, започнува денеска, објавуваат тамошните медиуми. „Ние не одиме на работа, не одиме на предавања, не ги извршуваме секојдневните обврски. Ја земаме слободата во свои раце. Вашето учество прави разлика“, напишаа студентите на Инстаграм во средата. Бројни компании, здруженија и политички партии најавија дека ја поддржуваат оваа акција, пренесува Н1 кој известува дека се приклучува кон генералниот штрајк и за тоа ќе известува само денеска.
Најавено е дека во 11:52 часот на повеќе локации во Србија ќе продолжи оддавањето пичит кон загинатите во несреќата на железничката станица во Нови Сад, по што ќе се одржи генерален штрајк.
Поради одлука на Управниот одбор на Адвокатската комора на Србија (АКС), адвокатите денеска ќе започнат тридневен прекин на работа, кој ќе трае до 26 јануари, поради прекршување на владеењето на правото и закана за автономијата и независноста на Адвокатската комора на Србија.
За време на прекинот на работата, адвокатите нема да влегуваат или престојуваат во просториите на судовите, обвинителствата, полицијата, органите на управата, јавните извршители и нотарите по ниту една професионална основа, се наведува во соопштението на АКС, според написите.
Демократската партија денеска соопшти дека го поддржува генералниот штрајк бидејќи овој метод на борба е „патоказ до правдата“.
Во соопштението на таа партија се наведува дека граѓаните имаат легитимно право да се побунат против лошата власт.
„Генералниот штрајк е начин да се спроведе овој бунт мирно. Никој што ја води оваа легитимна борба не може да сноси никакви последици за неа. Студентите ќе имаат предавања, вежби и испитни рокови кои ги пропуштиле поради мудрата и херојска борба што ја водат. Ниту еден родител, наставник или ученик кој учествува во блокадите не може да биде санкциониран на кој било начин поради борбата за нормална Србија“, додаваат од партијата.
Регион
Серија земјотреси во Грција
Неколку послаби земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала, во текот на ноќта и утрово го погодија подрачјето на јужна Грција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Епицентарот на овој земјотрес, кој се случи утринава во 7 часот и 22 минути, се наоѓа на девет километри од Захар и 93 километри од Патра на длабочина од шест километри.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.
Регион
Лајчак: Го ценам конструктивниот дијалог за проширувањето на ЕУ што се води во Давос
Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан, Мирослав Лајчак, денеска изјави дека го цени конструктивниот дијалог за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан што се одржува на Светскиот економски форум во Давос.
„Дискусија за ЕУ иднината на нашите соседи за која вреди да станеме рано. Ја ценам конструктивната дискусија за проширувањето на ЕУ на традиционалниот Светски економски форум во Давос“, објави Лајчак на мрежата „Икс“, зборувајќи за дипломатскиот дијалог за Западен Балкан.