Регион
Земјотрес кај Албанија: Се тресеше во Јадранско Море, a се почувствува и во Црна Гора

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Албанија во Јадранското Море.
Земјотресот е регистриран на 61 километар северно од Драч.
Земјотресот се случил на длабочина од околу 15 километри, околу 21:51 часот по локално време.
Граѓаните оставија коментари на веб-страницата на ЕМСЦ дека почувствувале земјотрес и дека благо се треселo.
Како што се наведува, земјотресот бил почувствуван и во Црна Гора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Пукање и пожар во „Чациленд“ во Белград, еден ранет, друг уапсен

Голем пожар избувна денес во центарот на Белград, во паркот „Кирил и Методиј“, познат како „Чациленд“, а според снимките од местото на настанот, густ црн чад се издига над центарот на градот.
Според првичните информации, пожарот зафатил шатор поставен пред зградата на Српското народно собрание.
Za sada po prvim informacijama gori Ćacilend. Čula se pucnjava, moguće je da ima ranjenih…. pic.twitter.com/JEAiU5WeF6
— Srđan Milivojević (@srdjanmil037) October 22, 2025
За пожарот пред пред Српското народно собрание во паркот, објави и опозициската политичарка Мариника Тепиќ.
Таа вели дека најпрвин се слушнало пукање по што избувнал пожар.
На почетокот на видеото се гледа како еден човек куца, како да е ранет, по што неколку полицајци трчаат кон шаторите и се слушаат истрели.
Ovako je počelo u ćacilendu u 10:19
Neko je pucao iz vatrenog oružja i onda kenuo i požar iznutra pic.twitter.com/bA4ylB4JGp— Marinika Tepić (@MarinikaTepic) October 22, 2025
Полицајците го повикувале напаѓачот да го фрли оружјето. Фрли го оружјето“, вика еден од нив, а во заднина се слушаат наредби: „Легни, легни“.
Сите полицајци се засолниле и набргу потоа пожарот почнал. Едно лице излегло од шаторот и легнало на земјата.
Министерството за внатрешни работи на Србија потврди за порталот „Нова.рс“ дека пожарот пријавен во 10.17 часот во меѓувреме е локализиран.
Пожарникарите и полицијата сè уште се на терен, а причината за пожарот ќе се утврди со истрага.
Српската радиотелевизија (РТС) неофицијално објави дека причина за пожарот е боца со гас.
Privođenje naoružane osobe ispred Ćacilenda koja je pucala. pic.twitter.com/vRbkp1ptRU
— Dalibor Jekic (@dalibor_jekic) October 22, 2025
Белградската полиција го уапсила В. А. под сомнение дека ранил маж во паркот „Пионирски“, извести „Телеграф.рс“.
Неофицијално, тие додаваат дека еден маж е ранет во ногата.
фото: принтскрин
Регион
Повторно отворена Амбасадата на Србија во Киев

Амбасадата на Србија во Киев, главниот град на Украина, повторно е отворена по привременото затворање во 2022 година поради безбедносната состојба, јави агенцијата „Анадолија“.
По тој повод, бил организиран прием на кој присуствувале дипломати, претставници на државни институции и други гости.
Амбасадорот на Србија во Украина, Андон Сапунџи, изјавил дека отворањето на Амбасадата симболизира „враќање на Србија во Киев“ и обновување на активната соработка меѓу двете земји.
„Нашиот работен простор сè уште не е целосно завршен, но сакав да ја споделам оваа радост со вас уште сега. Србија се врати“, истакнал Сапунџи додавајќи дека од почетокот на војната повеќе од 100.000 Украинци заминале во Србија, каде што отвориле компании, а нивните деца одат на училиште.
Според украинската агенција „Интерфакс“, Србија ѝ обезбедува хуманитарна помош на Украина, учествува во проекти за изградба на подземни градинки во близина на фронтот, испорачува опрема за енергетската инфраструктура и организира образовни програми за деца од Сумската и Харковската област.
Двете земји воспоставиле дипломатски односи на 15 април 1994 година, а Амбасадата во Киев почнала со работа во 1995 година.
Во март 2022 година, неколку дена по почетокот на руската инвазија, нејзината работа беше привремено прекината поради безбедносната состојба.
Регион
Хрватска урива стотина дивоградби покрај брегот

Во наредните три недели на плажата Зрќе во Новалија ќе бидат урнати 124 бесправно изградени објекти, соопшти Државниот инспекторат на Хрватска, пренесе „Јутарњи“. Од нив, 119 се наоѓаат во камп, а пет се угостителски објекти изградени без дозвола надвор од градежната зона.
Инспекторатот соопшти дека отстранувањето ќе се врши на трошок на сопствениците и е проценето на околу 720 илјади евра. Акции за уривање на нелегални градби ќе има и во други делови oд Хрватска.
Од 2019 година досега во таа земја се отстранети повеќе од 2300 нелегални градби, спроведени се повеќе од 42 илјади инспекциски надзори, поднесени се 334 кривични пријави, а изречените парични казни достигнуваат 16,5 милиони евра, соопшти Инспекторатот.