Регион
Излезни анкети: Социјалистите на Рама на пат кон победа на изборите во Албанија
Сите избирачки места на парламентарните избори во Албанија беа затворени вечерва во 19 часот, пренесува албанскиот портал „Егзит њуз“.
Владејачката албанска Социјалистичка партија на Еди Рама, води на денешните парламентарни избори, со 46,9 проценти од гласовите, според излезната анкетата на албанската телевизија „Топ ченел“.
Според резултатите од излезната анкета, опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша е на пат да се најде на второто место со 43,5 проценти од гласовите, а третото место се предвидува за Движењето социјалисти за интеграција на претседателот Илир Мета со 6,9 проценти од освоените гласови, пренесува „Ројтерс“.
Претседателот на Албанија, Илир Мета, им порача на граѓаните дека на денешните парламентарни избори треба да изберат кандидат кој ќе ги заштити националните интереси.
Мета посочи дека во Тирана е забележан фантастичен одзив на гласачите, што, како што рече, покажува дека Албанците се многу одговорен народ кога станува збор за гласање, пренесува приштинска „Коха диторе“.
Албанскиот претседател рече дека напредокот во изборниот процес е клучен за отворањето на преговорите со ЕУ и дека тоа води кон зајакнување на сите институции во земјата.
Албанија има околу 2,8 милиони жители, а прво на глас имаат 3,6 милиони граѓани, бидејќи може да гласаат и Албанци кои живеат и други земји.
Албанците бираат 140 пратеници од 1.800 претенденти на 12 политички партии, коалиции или независни кандидати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

