Регион
Исчезна тинејџерка: Едина тргнала на училиште, ѝ се губи секоја трага кај Тузла

Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла распиша оперативна потрага по петнаесетгодишното девојче од Тузла, Едина Малагиќ.
Девојчето, вчераутро, околу 7 часот излегло од куќата и не се вратило, соопштија синоќа од Полициската управа на кантоналниот МУП.
Исчезнувањето на девојчето во полиција го пријавила баба ѝ вчера околу 15 часот.
Полицијата ги презема сите мерки и дејства за нејзино пронаоѓање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
За пари дозволувала малолетната ќерка да биде сексуално експлоатирана: мајка макро од Ниш оди во затвор

Аница Б.(46) од Ниш денеска е осудена на пет години затвор за подведување на нејзината малолетна ќерка на Бранислав М.(49) од Пироќ, кој со неа како соизвршител го извршил кривичното дело трговија со луѓе, за што Вишиот суд во Ниш го осуди на пет години и шест месеци затвор.
Како што изјави судијката на Вишиот суд во Ниш, Ивана Миловановиќ, овие двајца делото го сториле од 10 до 12 септември 2019 година.
Аница делото го сторила здраворазумно со умисла злоупотребувајќи ја довербата на малолетната жртва, а Бранислав со употреба на сила и предавање пари во износ од 15.000 динари. Мајката на малолетничката се договорила со него за оваа сума пари да му ја предаде ќерката на сексуална експлоатација. Бранислав, кој престојувал во нејзината куќа, извадил пиштол и рекол дека убивал луѓе и дека има врска со криминал. На Аница и ги предал парите, а потоа се обидел да ја прегрне девојката. Рече дека ќе ја „краси со злато“ ако со него се состане-наведува судијката Миловановиќ.
Како што понатаму појаснила, тинејџерката одбила да го исполни барањето на мајка си, поради што таа пцуела и се заканувала.
– Аница му рекла на Бранислав дека се ќе исправи и дека следниот ден ќе му го донесе малото девојче. Тие се сретнале во кафуле каде Бранислав и врачил златен накит на Аница, а таа и го подарила на ќерката, по што ги оставила сами. Бранислав потоа со такси ја однел девојката во Нишка Бања, каде ја чувал преку ноќ и ја замолил да спие со него – изјави судијката Миловановиќ, пренесуваат медиумите во соседството.
Понатаму, судијата изјави дека при одлучувањето за вината на двајцата обвинети, внимателно биле разгледани сите докази.
– Малолетничка и нејзиниот брат, кој исто така е малолетен, работеле во забавниот парк во сопственост на Бранислав со дозвола на нивната мајка. Бранислав повремено доаѓал во станот на Аница и признал дека и дал 15.000 динари. Дека делото за кое се товарат навистина е сторено, докажа не само сведочењето на малолетната жртва туку и сведокот. Исто така, откривме дека Аница планирала средба на нејзината ќерка со Бранислав на тој начин што таа отишла на училиште на договорениот ден за да го оправда отсуството со тоа што треба да го сними слепото црево. Веднаш потоа ја однела кај Бранислав и ја оставила таму. Дури кога мајка и ја прашала каде е внуката, Аница го пријавила исчезнувањето на малолетничката во полиција – продолжи судијата.
Иако сексуалниот однос не се случил, судот сметал дека тоа не влијае на квалификацијата на делото -трговија со луѓе.
– Според мислењето на Врховниот суд, за постоењето на овој чин доволно е тоа што целта била сексуалната експлоатација, а не е неопходно тоа навистина да се случи – објасни судијката.
Регион
Додик: Јас сум цел затоа што не се согласив да им служам на парите на УСАИД; последните удари на поразените елити

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој престојува во Москва, му се заблагодари на американскиот политичар Род Благојевиќ за поддршката посочувајќи дека тој е цел бидејќи не се согласил да им служи на парите на УСАИД и НЕД, туку на својата земјан и дека ќе продолжи да победува во Српска.
„Кога не може да ве победат на изборите, тие се обидуваат да ве уништат во судовите. Ова го научија американскиот претседател Трамп, лидерката на партијата Национален собир, Марин Ле Пен, и многу други лидери, кои ги избраа народот наместо елитата, суверенитетот наместо покорувањето, вредностите наместо грантовите“, напиша Додик на платформата „Икс“.
Истакнувајќи дека Род Благојевиќ го забележал тоа, претседателот на Република Српска истакна дека целта денес се оние што не се согласиле да им служат на парите на УСАИД и НЕД, туку на својата земја, религија и народ.
„Но, тоа се ударите на поразените елити. И ќе биде последен. Претседателот Трамп ќе успее во Америка, Ле Пен ќе победи во Франција, Калин Ѓорѓеску во Романија, а јас ќе продолжам да победувам во Република Српска“, рече Додик означувајќи ги американскиот потпретседател Венс и Илон Маск.
Регион
Труење во Загреб: неколку студенти завршиле во болница со тешки симптоми

Шест лица вчера попладне побарале итна медицинска помош поради сомнение за труење со храна по оброк во студентската менза на колеџ во Загреб. Станува збор за менза на приватен ресторан, каде што студентите користат субвенционирани оброци, а се наоѓа веднаш до Геодезискиот, Градежниот и до Архитектонскиот факултет, пренесуваат тамошните медиуми.
Сите се препратени на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“, каде што им се укажани лекарски услуги, а две лица поради тешки симптоми се задржани во болница, пренесува „Индекс.хр“.
Подоцна уште едно лице побарало помош, а друго со изразени симптоми одбило лекарска помош.
Поради настанот, на терен излегле службеници од Државниот инспекторат и од Санитарната инспекција, кои извршиле надзор на просторот за обезбедување храна за ученици.
Една студентка за порталот „Средња.хр“ изјавила дека во тоалетот на факултетот наишла на двајца студенти кои повраќале и кои ѝ кажале дека јаделе болоњезе во мензата.
Недолго потоа таа и колешката се упатиле кон мензата, но се откажале бидејќи во студентската група на „Воцап“ пристигнала порака дека на неколку студенти од колеџот не им е добро и дека мензата е затворена.
„Веќе бевме пред мензата, па ги прашавме работниците дали е вистина дека се затворени. Тие рекоа дека не знаат ништо. Тогаш дојдоа сопствениците на ресторанот и почнаа да се правдаат дека сè е во ред, дека меленото месо е свежо, дека мензата неодамна била отворена“, раскажува таа.