Регион
И во Црна Гора се повикува на бојкот на продавниците: Во Хрватска имаше успех
„Алтернатива Црна Гора“ ги повика граѓаните в петок да ги бојкотираат супермаркетите и продавниците во земјата, пишува „Кафе дел Минтенегро“.
„В петок повикуваме на бојкот на супермаркетите и продавниците во Црна Гора, сите без исклучок, бидејќи тоа нема никаква врска со политика. Високите цени еднакво ги погодуваат сите граѓани“, велат во соопштението.
„Алтернатива“ истакнува дека истата акција била спроведена и во Хрватска и дека дала резултати. Истата акција за петок беше најавена и во Босна и Херцеговина, јавува ЦдМ.
„’Алтернатива Црна Гора’ сака истото тоа да го организира и во Црна Гора“, се додава во соопштението.
Сметаат дека цените се екстремно високи и дека водечките трговски синџири, меѓусебно договарајќи ги цените, имале пресудно влијание врз граѓаните да не го почувствуваат во целост зголемувањето на платите и пензиите.
„Можеме ли за тоа еден ден да ја тргнеме политиката на страна, да не се делиме, да бидеме сите како едно, за да им покажеме дека ние одлучуваме?, прашаа од „Алтернатива“, пренесува порталот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе донесеме одлука дали ќе одиме на избори или не
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја објасни процедурата што следи по оставката на премиерот Милош Вучиќ.
– Постапката е следна: во Собранието се констатира неговата оставка, а потоа почнува рокот од 30 дена за избор на нова влада или распишување избори. Ќе ја почнам процедурата и нема да избегнувам консултации, иако знам дека ќе добивам само навреди од оние кои некому ласкаат и немаат поддршка од народот. Отворен сум и за двете опции, или за избори или за состав на новата Влада. Благодарение на неодговорното однесување на некои, загрозена е стабилноста и граѓанскиот мир на Србија. Некои го поддржуваат насилството на секој можен начин – рече Вучиќ.
Тој додаде дека во наредните 10 дена ќе се донесе одлука дали ќе се оди на избори или не.
– Ова не го очекувавме, бидејќи се се одвиваше добро до синоќешниот инцидент, што според мене е необјасниво. Како еден од основачите на Движењето, наскоро ќе се појавам во Нови Сад и ќе му се обратам на народот, бидејќи не ми паѓа на памет да бегам од некого во мојата земја – рече Вучиќ.
Тој нагласи дека нема да има преодна влада.
-Нема да дозволам најнеодговорните да ја уништат Србија како што веќе направија во минатото. Толку ја сакаат демократијата што кога ќе им спомнеш избори, како да им ставиш прст во око. Можно е да се преземе власта со сила, можеби е можно, но за тоа би требало да ме убиете. Народот на Србија сака нормални луѓе на власт – рече претседателот на Србија, пренесуваат српските медиуми.
Тој порача дека нема да бега од консултации со сите партии.
Вучиќ истакна дека е отворен и за избори и за консултации и додаде дека претседателот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ е за формирање нова влада.
Вучиќ се осврна на можните кандидати за премиер.
– Јас како претседател на државата го одредувам името на мандатарот, но имам ограничување. Ќе ги почнам разговорите. Имав три-четири имиња во главата, но ќе ви ги откријам дури кога ќе видиме дали ќе одиме на нови избори – рече претседателот на Србија.
Регион
(Видео) Автобус удрил во луѓе кои чекале на автобуска постојка во Белград: меѓу нив и дете и бремена жена
Тешка сообраќајна несреќа се случи во Нов Белград во која се повредени 18 лица, меѓу кои едно дете и една трудница. Автобус на релација 601, кој се движел со голема брзина, удрил во луѓе кои чекале на автобуската постојка, а потоа удрил во друг автобус кој примал патници, пренесуваат медиумите во соседството.
На местото на несреќата имало многу припадници на полицијата, пожарникари и брза помош. Според очевидци, сцените биле ужасни.
„Автобусот ги покоси сите на станицата. Меѓу повредените има и девојка која ја удрил автобусот, по што паднала под возилото. Беше заглавена, крвареше“ изјавил за „Блиц“ очевидец.
На местото на несреќата пристигнале десет пожарникари со две возила од пожарникарските и спасувачките единици на Нов Белград и Земун, а на повредените им помогнале екипи на итната помош. Едно лице кое било под автобусот било ослободено пред да пристигнат пожарникарите и е пренесено во болница.
Според написите на повредените им била укажана помош во неколку болници.
На местото на несреќата бил и обвинител кој наредил алкотестирање на возачот на автобусот.
Од МУП изјавиле дека првите извештаи за несреќата укажувале на сериозноста на ситуацијата.
Регион
Вучиќ: Предавањето никогаш не е и нема да биде опција, ќе се бориме и ќе победиме
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалната мрежа Инстаграм објави дека „предавањето никогаш не е и никогаш нема да биде опција за Србија“.
„Предавањето никогаш не е и нема да биде опција за Србија“, изјави Вучиќ и додаде:
„Ќе се бориме и ќе победиме!“, пренесуваат српските медиуми.
Според написите, Вучиќ денеска во 20 часот по седницата на Владата, каде ќе биде присутен, ќе и се обрати на јавноста.