Регион
И Косово од Трамп доби – „Вие сте добар народ“

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, се сретна на маргините на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк со претседателот на САД, Доналд Трамп, јави РТК.
Како што пренесе косовската телевизија, Тачи на Трамп му рекол дека Косово е извонредно место, со добар народ и дека сочувствува со проблематиката на неговата земја.
Тачи во Њујорк остварил средба и со државниот секретар на САД, Вес Мичел, како и со амбасадорката на САД во Обединетите нации, Ники Хејли.
По средбите со официјалните лица на САД, Тачи истакна дека почувствувал силна поддршка за Косово вклучувајќи за членството во НАТО, како и за основање на косовската војска. Тој потврди дека САД се придржуваат кон дијалогот помеѓу Белград и Приштина, како и постигнување историски договор.
Ден претходно медиумите од Србија пренесоа дека американскиот претседател за време на кусиот разговор со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рекол дека Србите се добар народ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.