Регион
Каракачанов му одговори на Макрон: Не сме луѓе од втор ред!
Населението на Источна Европа не може да се смета за народ од втор ред, изјави бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, коментирајќи ги зборовите на францускиот претседател Емануел Макрон дека тој повеќе ги сака мигрантите од Африка отколку украинските и бугарските банди, пренесува бугарската државна телевизија БНТ.
„Дури и Украинците, кои не се во ЕУ – нормални, образовани луѓе – сега се Европејци. Не можеш да велиш дека не сакаш да нè видиш нас, Украинците или Романците“, изјави Каракачанов. Тој смета дека Макрон треба да ги посети квартовите во Париз во кои живеат мигрантите за кои тој зборува.
„Тој треба да се прошета низ париските квартови каде што живеат мигрантите од Африка што дојдоа пред неколку години: да види каква диктатура воспоставија таму зашто таму нема државна власт и полиција, а потоа нека зборува за разни банди и канали“, рече тој.
Каракачанов исто така изрази несогласување со Макрон за изјавата дека НАТО е во состојба на клиничка смрт. Според Каракачанов, причината за таквите зборови е несогласувањето со ставовите на САД и некои европски држави во врска со воените расходи, како и разните економски интереси.
Некои членки на ЕУ, вели тој, продолжуваат да покажуваат со палецот кон државите од Источна Европа, а проблемите со корупцијата ги чувствуваат и другите држави од сојузот, на кои исто така им е потребен мониторинг.
„Зарем не треба да водиме мониторинг во Италија и Франција? Зарем таму нема корупција? Таму се браќа или татко и син – еден е министар, другиот пратеник, таму ги вработуваат своите сопруги. Но, таму, секако, нема проблеми. Проблемите се само во Источна Европи – тоа се лагите, на нив треба да се покаже со прст. Не се согласувам со тоа“, нагласи Каракачанов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

