Регион
Ким Мехмети: Еди Рама е заколнат Србин по политичките убедувања
„Не еднаш досега премиерот на Албанија ја критикува официјална Софија за нејзиниот однос кон Македонија и македонскиот народ. Нешто што може да ги изненади само оние што сè уште не разбрале дека тој по политички убедувања и ставови е заколнат Србин и како таков гледа околу себе со очите на официјален Белград“.
Вака за агенцијата „Бгнес“ изјави публицистот и новинар Ким Мехмети по повод „скандалозниот говор на премиерот на Албанија Еди Рама во Блед, во кој односот на Бугарија кон РСМ го спореди со односот на Русија кон Украина“.
„Да не беше така, тој одамна ќе разбереше дека проблемот за Македонија оди подалеку од нејзините недоразбирања со Бугарија: дека и таа ја гради својата сегашност врз темелите на српскиот ум, т.е. на природните непријатели на Македонците – Албанците и Бугарите и нивните природни штитеници и браќа – Србите!
Но, како и да е, треба да се истакне дека критиките на албанскиот премиер кон официјална Софија го надминуваат неговото лично политичко слепило и ја откриваат вистината дека во голема мера во официјална Тирана политичкиот часовник запре сега кога со Албанија владеат емисари на Москва и Тито, според кој на овие простори има само еден центар на регионално влијание – Белград!
Да, односот на премиерот на Албанија кон бугарско-македонските недоразбирања, како и неговата перверзна „одбрана“ на РСМ, само ја открива вистината дека и денес Албанија во голема мера е освоена од оние што не се ослободиле од српските вистини, оние што и интересите на својот албански народ ги гледаат низ очите на српскиот ум“, коментира Мехмети за „Бгнес“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

