Регион
Колинда: Најголемата казна за Шешељ е постоењето на Хрватска

Одлуката на претседателката на хрватскиот парламент, Гордана Јандроковиќ, да ја прекине посетата на Србија, беше единствен одговор на дивеењето на осудениот воен злосторник Воислав Шешељ, изјави хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ.
„Газењето на хрватското знаме е израз на немоќ на предводникот на поразената злосторничка политика, што му донесе многу зло на хрватскиот народ, вклучувајќи ги и Хрватите во Војводина. Нему, и таквите како него, најголема казна им е постоењето на независна Хрватска и целосниот неуспех на проектот ‘Голема Србија’“, се вели во соопштението на кабинетот на претседателката.
Грабар Китаровиќ ја поздрави реакцијата на највисоките функционери во Србија и изрази надеж дека настанот нема да го расипе напредокот во односите помеѓу Србија и Хрватска, постигнат во последните неколку месеци.
Инцидентот, што го предизвика лидерот на радикалите, Воислав Шешељ, наиде на осуда во двете земји.
Српската радикална партија претходно соопшти дека Шешељ во Собранието на Србија ја пцуел хрватската делегација и газел по нивното знаме.
Шешељ е осуден од страна на Хашкиот трибунал на 10 години затвор, за злосторства против човештвото, извршени над Хрвати во селото Хртковци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.