Регион
Колона од возила – илјадници Албанци се обидуваат да влезат во Грција

Неколку илјади Албанци кои работат во Грција, заглавија денеска на границата меѓу двете земји.
Тие се обидуваат да ја преминат границата пред да стапи на сила мерката, според која сите кои влегуваат во Грција мораат да имаат негативен тест на ковид-19, соопшти албанската полиција.
Колона долга неколку километри, во која има околу 4.000 возила, е формирана на граничниот премин Какавиа, во јужна Албанија.
Од утре во Грција од Албанија ќе можат да влезат најмногу 750 луѓе дневно.
Тие ќе мораат да имаат негативен тест на ковид-19, кој не смее да биде постар од 72 часа, а по влезот во Грција ги чека седумдневна изолација.
Новите правила Грција ги воведе откако беше забележан зголемен пораст на бројот на заразени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.