Контакт

Регион

Комшиќ постави услов за изградба на гасовод со Хрватска и Србија

Објавено пред

Членот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, најави дека ќе го услови доделувањето одобрение за изградба на два гасовода со Хрватска и Србија со усвојување на државниот закон за гас, што може да му ја отежне работата на Советот на министрите, кој е условен и со барањата на Република Српска, пренесува хрватски „Индекс“.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, минатата недела најави дека српските министри нема да учествуваат во работата на Советот на министрите на БиХ ако оваа институција не одобри продолжување на реализацијата на новата источна гасна интерконекција со Србија.

Недоразбирањето беше надминато во петокот кога Додик и лидерот на владејачката партија Народ и правда, Елмедин Конаковиќ, кој е и шеф на дипломатијата на БиХ, се договорија одлуките за реализација на источната и јужната гасна интерконекција со Хрватска да се донесат на следната седница на Советот на министрите.

Комшиќ предупреди дека ќе го запре планот на Додик и Конаковиќ и ја услови изградбата на гасоводот со усвојување на националниот закон за гас.

„Без законот за гас, никогаш нема да гласам за него“, истакна Комшиќ додавајќи дека со слично мислење е и бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Денис Беќиревиќ,

Комшиќ објасни дека гасоводите управувани од компании под надзор на Република Српска, односно од жупанијата во која на власт е ХДЗ БиХ, практично ќе им го предадат снабдувањето со гас на Белград, односно на Загреб.

Според Дејтонскиот мировен договор, Претседателството на БиХ мора да даде согласност за спроведување на меѓународните договори и спогодби.

Ако Комшиќ ја оспори реализацијата на гасната интерконекција со Србија, односно со Хрватска, на седницата на државниот врв, а Беќировиќ и претседателката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, да не се согласат со него, тој би можел да го запре усвојување на таа одлука со барање од хрватскиот клуб во Домот на народот на Федерацијата БиХ да прогласи повреда на виталниот национален интерес.

Сепак, таквото негово барање сигурно би било отфрлено зашто во актуелниот состав, дури 18 од 23 пратеници во горниот дом на парламентот на БиХ гравитираат околу Хрватскиот народен сабор (ХНС) БиХ, кои го сметаат Комшиќ за нелегитимен хрватски член на Претседателството бидејќи тој им беше наметнат со мнозинство гласови од Бошњаците.

Регион

Под сомнение за планирање терористички напад уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Објавено пред

Во Австрија е уапсено четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора, кое, според австриските медиуми планирало терористички напад на Јакоминиплац во Грац, а истражителите од Државната служба за државна безбедност и борба против екстремизмот во Штаерска успеале да спречат тоа.

dobivaj vesti na viber

При претресот на куќата, како што пишува истиот медиум истражителите заплениле секира и нож.

Информациите за планираниот напад дојдоа од Европска безбедносна управа. На овој начин, локалните истражители од Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот (ЛСЕ) на Штаерска им влегле во трага на првично непознатите лица.

Прикажи повеќе...

Регион

Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми

Објавено пред

Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.

dobivaj vesti na viber

Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.

Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.

Прикажи повеќе...

Регион

Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска

Објавено пред

Во Бјеловар, Хрватска во семејна куќа се пронајдени две починати и едно тешко повредено лице, кое е префрлено во болница. Најверојатно се работи за насилна смрт, а според неофицијални информации, мажот ја убил мајката на неговата жена, а се обидел да ја убие и сопругата која е тешко повредена.

dobivaj vesti na viber

Напаѓачот, според првичните инфрормации се самоубил.

Хрватската полиција засега не ги потврдува неофицијалните информации дека се работи за убиство и самоубиство.

Полицијата дојавата ја добила околу 10 часот, а на местото се врши увид.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ13 часа

Еден починат и еден тешко повреден во несреќа во лифт во Штип

Едно лице почина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според...

Топ17 часа

Бебе почина во болница во Охрид

Вчера во СВР Охрид, пријавено е дека во 8.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе. Бебето претходно...

Македонија19 часа

Вработена во МВР наплатувала по 15.000 евра за лажно посредување за социјален стан

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е...

Европа19 часа

Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на...

Топ20 часа

Нема крај на нападите од улични кучиња, полицијата во Скопје доби нови три пријави

Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви...

Македонија23 часа

За осомничениот за убиството на братот и снаата се бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за лице...

Свет24 часа

Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила...

Свет1 ден

Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец

Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени  тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и...

Македонија1 ден

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен...

Македонија2 дена

Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот...

Македонија2 дена

Понижувани сме и навредувани, стравуваме дека прозивките ќе преминат во лични напади, реагираат Даштевски и уште петмина од ДИК

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, и членовите Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш...

Македонија2 дена

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Албанскиот премиер Еди Рама упати критики до официјална Софија и до сите ЕУ-членки што користат билатерални прашања за блокади на...

Македонија2 дена

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Кривичниот суд го добил барањето од Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари за ангажирање адвокат што ќе го застапува осомничениот...

Топ2 дена

Екстрадиран Бесим Красниќи

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата...

Македонија2 дена

„Европскиот фронт“: Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“

„Европскиот фронт“ смета дека е неприфатлив и невозможен чин раскинувањето на договорот со „Бехтел и Енка“. „Ниедна влада не може...

Македонија2 дена

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, негира дека тој или неговата правна канцеларија го подготвиле или учествувале во изготвувањето...

Топ2 дена

Пронашле граната од Првата светска војна и ја однеле во Полициската станица Берово

Регионалниот ЦУК Штип известува дека, вчера, во 12.30 часот, во станицата на Полициската станица Берово беше донесено неексплодирано убојно средство,...

Свет2 дена

Извикал „Робо, дај ми рака“, па пукал кон словачкиот премиер – кој е човекот што стои зад атентатот на Фицо

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше застрелан во средата, сѐ уште е во тешка состојба. Според словачките медиуми, се очекува тој...

Свет2 дена

(Видео) Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Француската полиција уби вооружен маж, кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни...

Европа2 дена

Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта

Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот и смртта два дена по атентатот што ја шокира Европа, изјави унгарскиот премиер...