Регион
Косово ќе формира работна група за зачленување во НАТО

Косовската влада одлучи да формира меѓуинституционална работна група за членство на Косово во НАТО.
Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека главна цел на оваа група ќе биде подобрување на процесот на интеграција во НАТО, зајакнување на присуството на Косово во регионалните организации и механизми, меѓународната безбедност, како и соработката со стратешките меѓународни сојузници, пишува Радио Слободна Европа.
Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Грвала, оцени дека членството на Косово во НАТО е итно прашање поради руската воена инвазија на Украина.
Со меѓуинституционалната работна група за членство на Косово во НАТО ќе претседава министерот за надворешни работи, а членови ќе бидат министерот за одбрана, министерот за внатрешни работи и министерот за правда. Во работната група ќе има и претставници од Претседателството, кабинетот на премиерот, Амбасадата на Косово во Брисел и косовската амбасада во САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.