Регион
(Видео) Косовска Митровица слави за неизгласувањето на членството на Косово во Интерпол
По објавата за резултатите од гласањето за членство на Косово во Интерпол, граѓаните во северниот дел на Косовска Митровица слават, а формирана е и колона возила, главно луксузни и со затемнети стакла, пренесе „Б92“. На возилата имаат закачено српски знамиња.
Косово не успеа да стане членка на Интерпол.
За прием на Косово во Интерпол гласале 68 држави, 51 била против, а 16 биле воздржани.
Предлогот Косово да стане членка на оваа меѓународна организација не помина ниту во првиот круг од гласањето бидејќи за членство на Косово во Интерпол гласале 78 делегати, 56 биле против, а 22 воздржани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Два трамваи се судрија во Белград, неколку повредени
Вечерва се случи сообраќајна несреќа во Белград.
Околу 18 часот и 30 минути на аголот од булеварот „Крал Александар“ се судриле два трамваи.
Sudar dva tramvaja u Bulevaru izmedju Cvetka i Batutove, sad. pic.twitter.com/nFDoZI0N4P
— Biljana Lukić (@BiljanaLuki) January 31, 2025
На местото на настанот пристигнала брза помош, а како што е соопштено на Инстаграм страната „Ѕвездара вести“ има неколку повредени.
Сообраќајот беше во прекин во правец на центарот на Белград.
View this post on Instagram
Засега не се познати повеќе детали.
Регион
Умерено силен земјотрес во близина на Сплит
Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележа умерено силен земјотрес во Далмација во 5.02 часот.
Епицентарот бил во близина на островот Шолта, 22 километра југозападно од Сплит.
Земјотресот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот од четири до пет степени според ЕМС.
Регион
Серија земјотреси утрово ја погодија Грција, а најсилниот регистриран во близина на Закинтос
Серија земјотреси ја погодија Грција, а најсилниот од сите земјотреси беше со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, кој беше регистриран овој петок, 31 јануари 2025 година, во 8.36 часот, во областа на Јонското Море, во близина на Закинтос.
Неколку минути пред овој земјотрес Грција ја погоди послаб земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала регистриран во 8.28 часот. Пред тоа беше регистриран земјотрес со јачина од 2,1 степена според Рихтеровата скала.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географските координати на географска ширина 37.4804 и географска должина 20.606, пренесуваат медиумите во регионот.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.