Регион
Косовски имам добил отказ зошто ја прифатил теоријата за еволуција
Кога не водел молитва во неговата селска џамија, имамот Дрилон Гаши пишувал некои „неправоверни“ статуси на социјалните мрежи – како тој дека верува во теоријата за еволуција.
На крајот, поради истовременото прифаќање на исламот и дарвинизмот ја загубил својата работа, пишува хрватски „Индекс“.
Гаши (31) бил отстранет од функцијата минатиот месец од страна на Исламската заедница на Косово (БИК), највисокото верско тело во земјата.
Според него, тоа е доказ дека традиционално умерениот ислам на Косово е во опасност.
„Живите суштества се создадени по пат на еволуција, која е креација на Бог“, објаснил имамот за својата теорија дека исламот и науката можат да одат во тандем.
„Науката ги открива природните појави така како што ги созадал Бог“, додава тој.
Гаши на Косово, каде што исламот пристигнал со ширењето на Османлиската Империја, имал функција во џамијата во Витомирица, изградена со арапски пари. Таму живеат околу 5 илјади жители.
Неговите ставови оценети како контроверзни од страна на Исламската заедница ги промовирал на социјалните мрежи и во разговори со локалните новинари.
„Неговите ставови се спротивни на принципите на исламот и нашите внатрешни правила“, рече портпаролот на БИК, Ахмет Садриу, откако Гаши беше разрешен од функцијата.
Прифаќањето на теоријата за еволуција не е невообичаено за Косово, бидејќи верниците таму се познати по умерениот ислам.
Според пописот во 201. година, повеќе од 90 проценти од Косовците се декларираат себеси како муслимани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови
Неколку часа траеше прекинот на работата во складиштето за овошје на логистичко-дистрибутивниот центар на „Плодине“ кај Кукуљаново, откако непалските работници изразија незадоволство од условите, јави „Индекс“
Синдикатот NSRH информира дека странските работници, најмногу од Непал, реагирале на ниските плати, прекувремената работа и условите. Во објектот работат околу 100 странци и околу 70 домашни работници.
Синдикатот предупреди и на случајот со седуммина непалски работници кои по зачленување во синдикат биле изложени на притисоци и закани со губење на работен и престојувачки статус.
Штрајкот е прекинат откако им било ветено дека во понеделник ќе имаат средба со лице од повисоко раководно ниво.
Регион
Европската комисија повторно бара истрага за можната употреба на звучен топ на протестите во Белград
Европската комисија уште еднаш ги повика српските власти да спроведат брза, транспарентна и веродостојна истрага за наводната употреба на звучен топ за време на антивладиниот протест во Белград на 15 март 2025 година, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).
Повикот доаѓа откако европските медиуми повторно го покренаа прашањето, а Политико објави дека српските разузнавачки служби, во соработка со руската ФСБ, тестирале звучни уреди на кучиња во обид да утврдат дали е користено звучно оружје врз демонстрантите.
Во извештајот што српскиот претседател Александар Вучиќ го презентирал, се тврди дека уредите не предизвикале реакции кај животните, па оттука било заклучено дека звучен топ не бил користен на протестот. Руската страна не коментираше за извештајот, пренесе РСЕ.
Во изјавата на Европската комисија се нагласува дека „односите со Русија не можат да продолжат како и досега, особено кога се работи за безбедносни прашања“, и се потсетува дека властите имаат обврска да ги заштитат демонстрантите од повреди и насилство.
Српските власти подоцна признаа дека полицијата поседува звучни уреди, но тврдат дека „никогаш не биле употребени“.
Демонстрантите сведочеле за силни и необични звуци, вибрации и здравствени тегоби по протестот – како вртоглавици, несвестица, покачен притисок и нарушувања на слухот.
Настанот го истражува и Европскиот суд за човекови права.
Фото: ЕПА
Регион
Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика
Бројот на микропластични честички во Јадранското Море драматично се зголемува, понекогаш надминувајќи половина милион на квадратен километар. Научниците велат дека опасните хемикалии можат да влезат и во синџирот на исхрана преку него, објавува Dnevnik.hr.
Просечната концентрација на микропластика во Јадранското Море е околу 250.000 честички на км². Според мерењата на водите во Ровињ, бројот понекогаш достигнува 600.000.
„Досега, сите примероци што ги обработив имаа микропластика. Нема примерок што го обработив досега, а кој немал микропластика“, рече Виктор Стинга Перуско од Центарот за морски истражувања на IRB во Ровињ.
„Бројот постојано расте бидејќи имаме нов влез, додека се произведува пластика, можеме да бидеме сигурни дека оваа пластика ќе заврши во морето во одреден момент“, додаде тој.
Голем дел од влакната што се невидливи за окото доаѓаат и од домаќинствата. И со секое перење на машината за перење, додаваме уште малку. Влегува во организмите на рибите, а потоа и во нашите тела преку храната.
Влијанието врз здравјето, велат научниците, сè уште не е доволно истражено.
фото/Depositphotos

