Регион
Косовски полицаец уапсен со половина килограм кокаин

Припадник на косовската полиција бил уапсен поради продажба на дрога. Кај него биле пронајдени 500 грама кокаин, објави портпаролт „КоССев“.
Полицаецот бил уапсен на граничниот премин Врбница, а работел во станица во Урошевац.
Истрагата била водена неколку месеци во соработка со обвинителството.
Полицаецот е суспендиран, а осомничен е за купување, поседување, дистрибуција и продажба на опојни дроги и психоактивни супстанци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Полицијата го тресе граѓанскиот сектор во Белград

Невладината „Граѓански иницијативи“ соопштува дека полицијата се уште е присутна во нивните простории и дека претресот влегол во 10-ти час.
Во текот на денот, полициските службеници беа во постојан контакт со Обвинителството и побараа повеќе од 100 документи поврзани со проектот на УСАИД, иако Граѓанските иницијативи располагаат само со пет проценти од буџетот за еден проект на УСАИД, се вели во соопштението.
Како што се посочува, оваа акција доаѓа по повеќенеделни медиумски најави на провладините таблоиди и режимски медиуми дека ќе се водат истраги против граѓански организации кои добиваат меѓународна финансиска поддршка.
Ваквиот наратив, кој со години се користи за дискредитирање на организациите кои се занимаваат со владеење на правото, демократијата и заштитата на човековите права, сега е преточен во конкретни институционални потези, кои јасно ја загрозуваат слободата на здружување и дејствување, се наведува во соопштението.
Граѓанските иницијативи укажуваат дека меѓународните документи кои ја гарантираат слободата на здружување, како што се Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Европската конвенција за човекови права, јасно дефинираат дека државите не смеат да користат репресивни мерки за ограничување на работата на граѓанските организации.
Регион
Таксист од Непал протеран од Хрватска

Полициски службеници од Задар извршија кривична истрага против 34-годишен непалски државјанин, осомничен за кривично дело Фалсификување исправа. Имено, при засилен сообраќаен надзор, полициски службеници на 20 февруари во 23 часот и 56 минути запреле такси со задарски регистарски таблички управувано од 34-годишен непалски државјанин.
По натамошниот преглед и увид во странската возачка дозвола, полициски службеници се посомневале во нејзината автентичност и дека се работи за фалсификувана исправа. Возачот е приведен во полициска станица каде што била спроведена кривична истрага при што му била одземена возачката дозвола што ја користел.
Против 34-годишникот до надлежното државно правобранителство Задар е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело Фалсификување исправа. Согласно Законот за странци, на странскиот државјанин му е одземена дозволата за престој и работа и му е издадено решение за протерување од Европската економска зона со конкретен рок за напуштање и забрана за влез и престој.
Регион
Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплаќа патарина

На автопатот „Патот на Арбр” (Руга е Арбрит) кој се протега од граничниот премин „Блато” кај Дебар до Тирана нема да се наплаќа патарина, објави албанскиот премиер Еди Рама, во директна комуникација со граѓаните на неговиот поткаст, „Очи во очи” на Фејсбук.
– Иако е дел од јавно-приватно партнерство (ЈПП), патарина нема да ја плаќаат ниту албанските граѓани, ниту странците, во време на мојот мандат. Овој пат е финансиран со албански средства. Како што се случува во многу земји во светот, на сите патишта може да се наплаќа патарина, но не и Патот на Арбр, додека сум јас на чело на владата – рече Рама.
Автопатот за сообраќај беше пуштен на крајот од ноември 2021 година, но поради изградбата на тунелот Муриз, сообраќајот на тој дел се пренасочуваше и патувањето траеше подолго.