Регион
Косовски специјалци апселе Срби во Косово
Косовската полиција утрово влегла во две српски села кај Гнилане, при што биле уапсени петмина Срби, пренесува „Б92“. Како што се наведува во соопштението на косовската полиција, акцијата е спроведена на неколку локации, а сите приведени биле уапсени поради дејствување против уставниот поредок и безбедноста на Косово.
„Полицијата на Косово преку соопштение, со цел правично информирање на јавноста, демантира некои српски медиуми/портали, кои изјавуваат дека се спроведува полициска операција против поранешни припадници на Косовските сили за безбедност и информираме дека тоа се само некои наводи или шпекулации на медиумите“, се наведува во соопштението.
Косовската полиција навела дека им гарантира на сите граѓани оти нејзините активнсоти се засноваат на Уставот и законите и најави дека операцијата ќе продолжи во координација со правосудството.
Според српските медиуми, припадници на специјалните сили на косовската полиција влегле рано утрово во простории на културно-просветниот центар „Божидар Митровиќ – Шандор“ во Шилово. Портпаролот на косовската полиција, Баки Кељани, рекол за РТС дека во акцијата на полицијата има уапсени не прецизирајќи други детали.
Како што пренесува РТС, приведени се началникот на Косовоско-поморавскиот округ, Радован Стојковиќ, и директорот на филијалата на Националната служба за вработување во Гнилане, Јован Дениќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Два трамваи се судрија во Белград, неколку повредени
Вечерва се случи сообраќајна несреќа во Белград.
Околу 18 часот и 30 минути на аголот од булеварот „Крал Александар“ се судриле два трамваи.
Sudar dva tramvaja u Bulevaru izmedju Cvetka i Batutove, sad. pic.twitter.com/nFDoZI0N4P
— Biljana Lukić (@BiljanaLuki) January 31, 2025
На местото на настанот пристигнала брза помош, а како што е соопштено на Инстаграм страната „Ѕвездара вести“ има неколку повредени.
Сообраќајот беше во прекин во правец на центарот на Белград.
View this post on Instagram
Засега не се познати повеќе детали.
Регион
Умерено силен земјотрес во близина на Сплит
Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележа умерено силен земјотрес во Далмација во 5.02 часот.
Епицентарот бил во близина на островот Шолта, 22 километра југозападно од Сплит.
Земјотресот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот од четири до пет степени според ЕМС.
Регион
Серија земјотреси утрово ја погодија Грција, а најсилниот регистриран во близина на Закинтос
Серија земјотреси ја погодија Грција, а најсилниот од сите земјотреси беше со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, кој беше регистриран овој петок, 31 јануари 2025 година, во 8.36 часот, во областа на Јонското Море, во близина на Закинтос.
Неколку минути пред овој земјотрес Грција ја погоди послаб земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала регистриран во 8.28 часот. Пред тоа беше регистриран земјотрес со јачина од 2,1 степена според Рихтеровата скала.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географските координати на географска ширина 37.4804 и географска должина 20.606, пренесуваат медиумите во регионот.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.