Регион
Коѕијас до Бушати: Да ги почитуваме спогодбите

Албанските медиуми објавуваат информација според која официјална Атина упатила порака до Тирана во која го изнесува ставот на Грција околу изваштајот на Европската комисија за напредокот на Албанија.
Весникот „Мапо“ во своето електронско издание нагласува дека Грчкото министерство за надворешни работи упатило порака до албанското МНР во кое стои дека за односите со Албанија, Грција е определена во почитувањето на правата на малцинствата и имотот, како и целосното почитување на изреката pacta sunt servanda ( Почитување на спогодбите ).
Весникот коментира дека употребата на латинската изрека е укажување на Атина дека ако има недоразбирања во внатрешните спогодби, ќе важат меѓународните спогодби. Истиот извор наведува дека со оваа порака на грчкиот министер за наворешни работи, Никос Коѕијас, практично до Тирана се упатени јасни сигнали оти Грција нема да ги има предвид изјавите на албанските државници кои велат дека морската граница ќе се решава во согласност со уставот на Албанија, туку таа ќе биде решена со меѓународните конвенции.
Пораката која е испратена на адреса на албанското МНР и министерот Дитмир Бушати, за албанските медиуми, претставува нов обид на Грција да ги зачува своите позиции околу решавањето на проблемите со Албанија.
К.М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.