Македонија
Коѕијас: Условите за постигнување на договорот за името беа зрели
Условите за постигнување на договорот за името беа зрели, изјави министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во интервју за државната новинска агенција АНА-МПА.
„Некои тврдат дека сме избрзале, сепак условите беа зрели. Кога условите се зрели, тоа значи дека морате да продолжите со она што можете да го направите“, рече грчкиот министер.
Запрашан дали тоа бил најдобриот договор што можел да биде постигнат, Коѕијас одговори дека сѐ ќе било полесно ако не претходеле отстапувања во преговорите во изминатите 25 години и додаде дека Грција не може да го промени универзалното право, да се нарекуваме Македонци на индивидуално и неофицијално ниво, но тие можат да нѐ нарекуваат како што сакаат.
Коѕијас, за време на интервјуто, го повтори ставот дека на Грција и е потребна пријателска земја, а не држава која ќе биде под турско влијание во иднина.
„Сакаме ПЈРМ која е под турско влијание или ПЈРМ која е во пријателски односи со нас? Тоа е прашањето кое треба да го одговориме и затоа брзавме со постигнувањето на договорот. Сакаме ли ПЈРМ која во која се развива словенски фундаментализам и ќе има тенденции да се појави терористичка закана за грчката Македонија на Север, или сакаме да ги елиминираме ваквите можности? Сакаме ли земја која ќе се стабилизира и ќе биде поврзана со нас финансиски, географски и социјално, или држава која ќе нѐ смета за непријатели и ќе бара соработка со други земји што нема да нѐ усреќи нас?“, праша Коѕијас.
Грчкиот министер за надворешни работи посочи и дека договорот е прашање на компромис, а не на војна, па затоа тие не можат да го диктираат само она што ќе ги задоволи нивните интереси. Коѕијас рече дека договорот мора да е компромисен, со цел другата страна да го убеди народот, а понатаму да добие мнозинство во Собранието, да успее референдумот и на крајот да се ревидира Уставот на земјата.
Е.Т.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.