Регион
Крвава тепачка во затвор во Грција, еден затвореник убиен и седум повредени
Еден затвореник беше убиен , а седум беа повредени во тепачката што се случи вчера во грчкиот затвор Коридалос, објавија грчките медиуми.
Тепачката почна помеѓу затворениците од Грција и Грузија од една и Албанците од друга страна.
Korydallos prisoner stabbed to death https://t.co/CDA5Sx2Drb pic.twitter.com/UEvKOVYBhv
— Kathimerini English Edition (@ekathimerini) March 7, 2019
Настанот се случи во психијатрискиот оддел на затворот и во него учествуваа голем број затвореници вооружени со рачно направени бодежи, објави агенцијата АНА.
Неколку затвореници беа сериозно повредени и префрлени во болници надвор од затворот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Маж застрелал куче кое му влегло во дворот во Славонски Брод
Полициската управа пријавила дека вчера околу 19 часот во Славонски Брод 79-годишен маж со воздушна пушка пукал во куче кое без надзор влегло во неговиот двор. Кучето потоа умрело од повредите здобиени за време на операцијата во ветеринарна клиника.
Според полицијата, полициските службеници од 79-годишниот маж одзеле регистрирана воздушна пушка и против него поднеле посебен извештај како дополнување на кривичната пријава до општинското државно правобранителство во Славонски Брод поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело убивање или мачење животни.
Потоа, на 49-годишник изречена му е прекршочна мерка од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир затоа што не чувал животни под надзор.
Регион
Вонредна состојба на Санторини
На грчкиот остров Санторини е прогласена вонредна состојба поради зголемена сеизмичка активност која продолжува да го потресува популарниот остров во Егејското Море и соседните Аморгос, Анафи и Иос, а што поттикна многу жители и посетители да ја напуштат областа, пишува онлајн изданието „Катимерини“.
Вонредната состојба ќе важи до 3 март, соопштија властите за цивилна заштита.
Земјотресите продолжуваат да ја тресат областа, зголемувајќи го ризикот од сериозни одрони и паѓање на карпи.
Само во ноќта меѓу вторникот кон средата шест земјотреси со јачина од околу 4 степени се регистрирани во областа Санторини, по кои синоќа следеше посилен потрес со јачина од 5,2 степени јужно од Аморгос.
Регион
Во Загреб пријавени 16 закани за бомби, од кои за 4 е потврдено дека се лажни
Денеска, во училиштата во Центар, Чрномерец, Трње, Максимир, Пешченица, Медвешчак и Нови Загреб се пристигнати вкупно 16 пријави за бомби, соопшти загрепската полиција.
Досега на пет локации истрагата не ги потврдила наводите за експлозивна направа.
Десетици училишта во Хрватска денеска добија закани за бомби, од кои речиси сите содржеа закани со спомнување Алах и кревање училишта во воздух.