Регион
Кремљ откри што разговарале Путин и Тачи

Рускиот претседател, Владимир Путин, кусо разговарал со косовскиот претседател, Хашим Тачи, во Париз. Тој укажал дека Приштина треба да постигне консензус со Белград и му рекол дека Русија ќе ја поддржи заедничката одлука на Белград и Приштина, соопшти портпаролот на рускиот лидер, Дмитриј Песков.
„Тоа не беше класичен состанок. Тоа беше разговор на маргините на настанот. Путин разговараше со голем број учесници на настанот во Париз во рамките на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна. Тачи беше еден од нив. Тие си пружија рака и се фотографираа. Природно, Путин рече дека е потребно пред сè да се пронајде консензус со Србија. И, секако, тој рече дека ние ќе поддржиме договор до кој ќе дојдат самите страни. Поинаку не може да биде“, рече Песков.
Тачи по прославата во Париз изјави дека Путин му рекол оти не се ниту пријатели ниту непријатели, а дека Путин наводно рекол дека промената на рускиот став кон Косово е чувствително прашање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.