Регион
Курти го повика Западот да не врши притисок за формирање заедница на српските општини

Премиерот на Косово, Аљбин Курти, ги повика западните сили да не вршат притисок врз Приштина да прифати формирање заедницата на српските општини.
Во интервју за АП, Курти рече дека формирањето ЗСО не е негов приоритет.
Западните сили треба да учат од примерот на Република Српска, која ја водат Србите, а плашејќи се од создавање слична креација на Косово, тој рече дека Белград го користи создавањето ЗСО како, како што наведе, оружје против независноста на Косово, пренесува АП.
Курти смета дека ако идејата за етнички засновано здружување на општините се воведе во Западен Балкан, тоа е рецепт за нови конфликти.
Западните сили не треба да вршат притисок врз помалите земји како што е Косово, кои се демократски, тврди тој.
Проблемите меѓу Белград и Приштина можеби се мали и здодевни, но треба да се внимава што се случува во регионот бидејќи, како што оцени, секое погрешно решение на Балканот може и ќе се користи на друго место.
Заемното признавање е централно за секој преговарачки процес, тврди Курти.
Смета дека фокусот треба да се стави на, како што вели, подемократска Србија и ослободување од, како што рече, хегемонистичките идеи на Белград.
Курти рече дека владата на Србија треба да ја признае независноста на сите републики на поранешна Југославија за да се „соочи со минатото“ и посочи дека Белград треба повеќе да се сврти кон Европската Унија и НАТО, а не кон Русија.
Премиерот на Косово тврди дека, доколку Белград се ослободи од идејата дека Приштина сè уште ѝ припаѓа на Србија, тој „ќе биде многу подемократски, поевропски“.
Курти додаде дека претходните преговори биле, како што оцени, идеологија за решавање на проблемите, дека секое решение станува сè покомплицирано, сè помалку остварливо, а јавноста губи интерес.
Тој смета дека новиот предлог за нормализација на односите е добра рамка и платформа за напредок, „што придонесува за надежта за перспективи за идни преговори и договори“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Бугарија и Романија на сила црвен метео аларм поради обилни дождови

Во Бугарија и Романија на сила е црвен метео аларм поради обилни дождови. Обилните дождови продолжија да ја погодуваат Бугарија, што доведе до затворање на патишта, прогласување црвен метео аларм во неколку области, а 51 населено место останаа без електрична енергија поради бурата. Надлежните органи го интензивираат надзорот над сите мостови и инфраструктура што е потенцијално оштетена од поплавите, пишува денес „Новините“. Службениците предупредија дека секоја локација што е изложена на ризик ќе биде веднаш затворена.
Граѓаните се повикуваат да бидат внимателни, да избегнуваат патувања и да ги следат упатствата на надлежните служби. Бугарскиот национален институт за метеорологија и хидрологија прогласи црвен метео аларм, највисоко ниво на предупредување, за осум области каде што се очекуваат повеќе од 65 литри дожд на квадратен метар, пренесува Танјуг.
Во исто време, властите објавија дека Бугарија ќе побара помош од Европскиот фонд за солидарност за погодените места поради предизвиканите штети.
Метеоролозите во Романија денес го продолжија црвениот временски аларм поради предвидените обилни врнежи од дожд за пет области и градот Букурешт со можност за врнежи до 140 литри на квадратен метар.
Според најновото предупредување на Романската национална метеоролошка управа (ANM), од 21 часот на 7 октомври до 15 часот на 8 октомври се очекуваат обилни врнежи од дожд во неколку области, пишува романската новинска агенција Аѓерпрес.
Фото: принтскрин
Регион
Убиен судија на Апелациониот суд, во судница во Тирана

Судијата Астрит Каљаја беше убиен денес во Апелациониот суд во Тирана додека траеше рочиштето.
Напаѓачот, засега непознат, влегол во судницата и го застрелал Каљаја, кој бил однесен во болница каде што му била пружена медицинска помош, објавува „Албанија пост“.
На местото на настанот, според медиумот, има бројни полициски сили, кои веднаш го уапсиле осомничениот сторител, а како што се наведува, идентитетот на напаѓачот и мотивите на нападот засега се непознати.
Судијата Астрит Каљаја служел со години во албанскиот судски систем, а неодамна во Апелациониот суд во Скадар.
Тој го поминал процесот на верификација во 2019 година, каде што бил потврден на функцијата од Независната квалификациска комисија, а потоа и од Специјалниот жалбен панел во 2022 година.
Фото: принтскрин
Регион
Пронајдени се телата на браќата од Хрватска во словенечките Алпи

Словенечките планински спасувачи ја продолжија својата акција утрово под врвот Тошќ, во Јулиските Алпи, каде што вчера лавина затрупа тројца хрватски планинари.
Исчезнатите лица, по кои се трагаше од вчера, за жал се пронајдени мртви, објавува словенечки 24ur. Како што неофицијално дознава словенечкиот медиум, двајца од нив биле браќа.
„Ги пронајдовме двајцата – едниот беше закопан околу еден метар во снегот, а другиот околу метар и пол. Првиот успеавме да го транспортираме во долината со хеликоптер, додека сè уште чекаме транспорт за вториот. Самиот терен е многу тежок бидејќи е карпеста, стрмна клисура со бројни карпести скокови, што ја направи работата опасна и тешка за спасувачите. За жал, ќе кажам дека сите тројца планинари што ги пронајдовме во лавината починаа. Им изразувам искрено сочувство на нивните семејства“, рече тој.