Регион
Курти: Дијалогот со Белград ќе го водам јас а не Тачи

Ако има доволно гласови во Парламентот, лидерот на Движењето за самоопределување, Албин Курти, рече дека ќе побара смена на претседателот на Косово, Хашим Тачи.
„Најголемиот проблем што го имаме со Претседателот е односот со Србија, бидејќи во последните две години тој беше многу проблематичен. Пред три години тој направи нешто незамисливо за нас, затоа што на некој начин се согласи на територијална размена со Србија“, рече Курти.
Тој повтори дека се залага за „принципиелен дијалог“ со Белград и истакна дека САД презеле „водечка улога“ во дијалогот.
„Јас ќе го водам овој дијалог, Претседателот ќе биде Претседател. Тој е претставник за надворешна политика, но не и креатор“, нагласи Курти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Камион налетал на запрен автомобил, загинаа сестри: тешка сообраќајна несреќа во Загреб

Две лица загинаа, а трето е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово на обиколницата на Загреб.
Хрватската полиција објави извештај за тешката несреќа во која настрадаа две сестри, а трето лице е повредено.
„Денес во 9 часот наутро, 40-годишен маж управувал камион со загрепски регистарски таблички, а се движел се по автопатот А3 во североисточен правец. При достигнувањето на 39-тиот километар, тој не ја прилагодил брзината на возилото на состојбата и карактеристиките на патот и атмосферските услови за да може навреме да го запре своето возило пред секоја пречка што можел да ја предвиди во специфичните услови.
Во таа прилика, предниот дел од возилото се судрил со задниот дел од патничко возило со дубровнички регистарски таблички управувано од 67-годишна жена, која се движела по десната лента од горенаведениот коловоз во правец североисток, и во моментот на судирот била запрена на горенаведената лента.
Како резултат на судирот, патничкото возило со дубровнички регистарски таблички било фрлено надесно, а неговиот преден дел се судрил со предниот дел од патничко возило со загрепски регистарски таблички управувано од 62-годишен маж, кој се движел по десната лента на автопатот А3 во правец североисток.
Во сообраќајната несреќа загинаа 67-годишниот возач на патничко возило со дубровнички регистарски таблички и 65-годишна сопатничка од возилото, додека 56-годишната сопатничка од истото возило е тешко повредена и ѝ е укажана лекарска помош во Клиничката болница Дубрава“, соопшти Полициската управа во Загреб.
Регион
(Видео) Еколошка катастрофа – нафта истече во Јадранското Море

Големи количини гориво истекоа во Јадранското Море на островот Хвар во Хрватска. Неофицијално, инцидентот се случил кога пукнал резервоар на танк на бензинската пумпа ИНА, објави „Далмација данас“.
Полицијата е на терен и се истражува како се случил инцидентот.
„Утрово, околу 9.30 часот, е примена информација дека во градот Хвар, заливот Крижна Лука, имало загадување со нафта во морето. Припадници на Полициската станица Хвар и Поморската полициска станица, пожарникари, Хрватската крајбрежна стража и припадници на Капетанијата на пристаништата се на местото на настанот. Покрај спроведувањето на постапката за санирање на штетите, ќе се спроведе и постапка за утврдување на сите факти и околности на настанот“, соопшти сплитската полиција.
Регион
Вучиќ оди во Русија на прославата на Денот на победата, ќе се сретне со Путин

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека на 9 мај ќе отпатува за Москва, каде ќе присуствува на парадата за Денот на победата и ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, јавува Анадолија.
При гостувањето на ТВ Пинк, Вучиќ изјави дека „со гордост ќе ја претставува Србија“ на обележувањето на 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.
„Пред осум месеци реков дека ќе одам во Москва. Ќе одам во Москва“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека најверојатно сам ќе отпатува во руската престолнина и дека поради тоа „ќе ги прими сите удари на светот, и однадвор и од внатре“.
„Не сакам владата на Ѓуро Мацут да ја плати цената. Сакам тој да има можност правилно да соработува со Европската унија и никој да не го обвинува за ништо. Тешко дека армијата ќе оди, бидејќи би била изложена на притисоци и санкции“, рече Вучиќ.
Тој најави дека со рускиот претседател ќе разговара за новиот гасен аранжман, како и за иднината на Нафтената индустрија на Србија (НИС), која е загрозена од американските санкции поради рускиот сопственички удел.
„Мораме да го потпишеме договорот за гас до 30 мај. Мора да го решиме прашањето за нафтената компанија. Мора да разговараме и за сите други теми“, рече Вучиќ.
Тој ја најави и посетата на еврокомесарката за проширување Марта Кос на Белград на крајот на април и изрази надеж дека ќе има можност да разговара со претставници на Републиканската партија и американското раководство пред да замине за Москва.