Регион
Курти: Западот е мек кон Србија поради Русија, но тоа нема да им успее
Косовскиот премиер Аљбин Курти го обвини Западот дека е мек кон Србија во обид да ја оддалечи од руското влијание, но додаде дека таквата политика нема да успее, јавува денеска Би-би-си.
Тоа е поврзано со ситуацијата на север, каде што едноставно не сакаат да даваат вистински имиња на конкретни настани и работи од една страна. На пример, тројца наши полицајци беа киднапирани од специјалните единици на Србија на територијата на Косово, а тоа не го нарекуваат агресија врз Србија, изјави Курти во емисијата „Хард говор“, пренесува Reporteri.net.
Сите мои меѓународни партнери знаат дека тоа се случи во Лепосавиќ, посочува Курти и повторува дека тие се обидуваат да бидат меки кон Србија во обид да ја оддалечат од влијанието на Кремљ.
Запрашан за реакциите на американскиот Стејт департмент и ЕУ за прогласувањето на Граѓанската одбрана и Северната бригада за терористички организации, Курти нагласи дека биле информирани пет дена пред да се донесе одлуката.
Редовно комуницираме и се координираме и со Европската Унија и со Соединетите Американски Држави, но тогаш морам да го почитувам и имплементирам Уставот на Република Косово. Јас сум премиер на Косово, рече Курти.
Се координираме, но тоа не значи дека цело време се согласуваме за сите прашања, изјави Курти за Би-би-си.
На забелешката на новинарот дека решил целата вина да ја префрли на малцинството Срби од Косово, Курти истакнува дека никогаш не го обвинувал српското малцинство.
Тие сочинуваат четири отсто од населението во Косово, но јас обвинив две конкретни организации, а исто така и Белград, кој ги контролира, објасни тој.
Курти рече дека е подготвен да ја деескалира ситуацијата на северот потсетувајќи дека понудил предвремени избори за северните општини што е можно побргу.
Треба да се примени владеењето на правото за да имаме фер и отворена кампања пред слободни и демократски избори, заклучи Курти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

