Регион
Курти за „Der Spiegel“: Најголемиот суд на планетата ја зацементира независноста на Косово
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/kurti.jpg)
Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за „Der Spiegel“ зборуваше за ситуацијата што настана на северот на земјата.
„Меѓународниот суд на правдата е најголемиот суд на планетата, а таа пресуда, чие донесување го иницираше Вук Јеремиќ, ги зацементира темелите на независноста на Косово!“ рече тој.
„ЕУ и САД вршат голем притисок врз Србија да избере меѓу демократскиот Запад и Русија“, рече Курти.
Тој зборуваше и за барањето на Србија за враќање на 1.000 српски војници на Косово.
„Се чини дека Вучиќ сака да ја врати Србија во минатото. Но, овој воз си замина. Меѓународниот суд на правдата пресуди во корист на нашата декларација за независност. Нема повисок суд на оваа планета“, рече Курти.
Денеска е деветти ден од почетокот на забарикадирањето на Северот. Србите поставија тешка механизација и камиони во знак на револт поради апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Петгодишно девојче се лизнало од жичара во Словенија: паднало од висина од пет метри
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/9ac5c107-4902-4206-b780-329cfacdcb6b.jpg)
Несреќа се случила во словенскиот ски-центар Копе, кога петгодишно девојче од Хрватска се лизнало од жичара и паднало од висина од околу пет метри.
Таа била тешко повредена и со возило на Брза помош била пренесена во болница.
Нејзиниот живот не е во опасност, пренесува „24 часа“.
Девојчето се возело на жичара со уште две деца и едно возрасно лице кое ја придружувало. Додека се возела се лизнала под заштитната шина и паднала од висина од околу пет метри.
Полицијата прибира информации во врска со одговорноста на возрасното лице кое го ставило девојчето на жичницата, а се работи за сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.
Девојчето било дел од група деца кои го посетиле ски-центарот Копе организиран од спортски клуб.
Регион
(Видео) Вучиќ на тренинг во парк со Вучевиќ и Мали: „Решиле да не бркаат, можеби веслата ќе ни помогнат“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-18-214051-1.jpg)
Претседателот на Србија Александар Вучиќ на социјалната мрежа Инстаграм сподели видео каде тренира во паркот заедно со премиерот Милош Вучевиќ и министерот за финансии Синиша Мали.
„Милош Вучевиќ, Синиша Мали и јас дојдовме да тренираме. Пропаднавме целосно, освен Синиша. Овде во паркот, милина една, се правиме дека не ни е ладно и се правиме дека работиме некој сериозен тренинг. Ми требаа пет минути да сфатам како функционира ова, сè ме боли. Нешто како веслање, не можам да одам до крај. Решиле да не бркаат, можеби веслата ќе ни помогнат. Па, сега можам да кажам дека работевме и сме подготвени за пливање и веслање. Во веслањето е спасот, нема предавање. Па, сега да јадеме плескавица. Доста е“, рече Вучиќ.
Регион
(Видео) Тешка несреќа: воз налетал на автомобил во Србија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-18-194310.jpg)
Во вечерните часови кај Лазаревац се случи тешка сообраќајна несреќа кога патнички автомобил, кој поминувал на железнички премин, налетал на воз.
„Според првите информации, состојбата на луѓето во автомобилот се уште не е позната“, изјавиле очевидци за агенцијата РИНА.
Оттаму наведуваат дека судирот бил силен, а припадници на сообраќајната полиција во моментов се на терен и вршат увид.
Подоцна ќе бидат утврдени сите околности на несреќата, а наскоро се очекуваат повеќе информации, пренесуваат српските медиуми.