Регион
Курти опседнат со Вучиќ: во последното интервју 21 пат го споменал неговото име
Поранешниот владин функционер на Косово, Петрит Селими, изброил колку пати косовскиот премиер Аљбин Курти го споменал српскиот претседател Александар Вучиќ во неодамнешното интервју за „Вечерњи лист“.
Од 4.000 збора, кои Курти ги кажал за време на интервјуто, Вучиќ е спомнат 21 пат, тврди Селими.
„Во интервју од 4.000 збора за хрватскиот ‘Вечерњи лист’, Курти споменува: 21 пати Вучиќ, 18 пати Белград, четирипати НАТО, четирипати економија, двапати ЕУ, двапати САД, еднаш инвестиции, ниеднаш Советот на Европа“, напиша Селими на „Твитер“, пренесува „Косово онлајн“.
Talking of odd priorities. In a 4000 word interview for the Croatian Vecernji List, Kosovo PM Kurti mentions:
– 21 times Vucic
– 18 times Belgrade
– 4 times NATO
– 4 times economy
– 2 times EU
– 2 times USA
– 1 times investments
– 0 times Council of Europehttps://t.co/c8FZ8xeseo— Petrit Selimi (@Petrit) July 26, 2023
Косовскиот премиер Аљбин Курти за „Вечерњи лист“ изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го нервира демократијата и дека Косово не се вооружува затоа што се плаши од Србија, туку е на стража поради српските воени бази, пренесува „Косово онлајн“.
Косовскиот премиер наведува дека „на северот на Косово имаат мирни и добри денови секогаш кога нема наредба од Белград за насилство“.
„Србите во Косово живеат многу подобро од Србите во Србија, но криминалците во Србија живеат многу подобро отколку во Косово. Гледате дека протестите на Вучиќ во Косово се насилни, а протестите против Вучиќ во Белград нема. Животот на Србите во Косово им го отежнува Белград, кој не им дозволува да се интегрираат. Луѓето што не се интегрираат не живеат многу добро, а оние што се интегрираат живеат подобро. Но, Белград не сака тие да живеат подобро, тој сака на некој начин да ги храни тензиите и потенцијалот за дестабилизација“, вели Курти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

