Регион
Курти: Предлогот за заедницата на српските општини е желба за Република Српска во Косово
Презентираниот нацрт-статут на заедницата на општините со српско мнозинство (ЗСО) на Косово ја претставува желбата на Србија да формира една Република Српска на Косово, изјави косовскиот премиер Албин Курти по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел, пренесува „Анадолија“.
Курти пред новинарите изјави дека на почетокот на средбата, со посредство на високиот претставник Жосеп Борел и специјалниот посредник на ЕУ, Мирослав Лајчак, се договориле за договорот за исчезнати лица, кој е преточен во Декларацијата за исчезнати лица за време на војната во Косово.
Косовскиот премиер изјави дека менаџерскиот тим потоа им го презентирал нацрт-статутот на заедницата на општини со српско мнозинство на Косово, што е целосно спротивен на Уставот и законите на Косово, спротивно на демократијата, европските вредности, човековите права и малцинските права.
„Реков дека поднесениот нацрт на статутот е суштински спротивен на Уставот. Нацрт-статутот што беше претставен е резултат на желбата за Република Српска на Косово, а нацрт-статутот што јас го поднесов е нешто слично на оној што Србија го има со Хрватска“, рече Курти.
Тој рече дека и покрај ова, Косово е заинтересирано да се најде решение во согласност со членовите 7 и 10 од договорот за нормализација постигнат на 27 февруари во Брисел.
„Претставив нацрт-визија за тоа како треба да изгледаат вредностите и принципите, која би била рамката што го регулира прашањето за немнозинските заедници, етничките малцинства, поконкретно Србите во Косово. Верувам дека тоа ќе биде сериозно третирано од посредниците Борел и Лајчак“, рече Курти и додаде дека Србите треба да живеат во Косово и да имаат права.
Тој изјави дека е против идејата некои Срби да се поважни од другите Срби бидејќи се во оваа или онаа општина. Тој ова го оцени како сегрегација на Србите. Курти рече дека Косово ја отфрла територијалната автономија.
Наведе и дека на посредниците им предал документ во кој наведува дека Србија го прекршила договорот од 27 февруари.
„Само во март и април 8 од 11 члена од тој договор се прекршени. Бараме гаранции за спроведување на тој договор и апелираме“, рече премиерот.
Одговарајќи на новинарски прашања зошто го отфрлил европскиот предлог за надминување на ситуацијата на северот на Косово, Курти рече дека не е среќен што одѕивот на изборите на 23 април е слаб. За тоа ја обвини Српската листа, која одби да учествува на изборите и рече дека за грешката на Српската листа не може да се обвини државата Косово.
Тој рече дека градоначалниците се неопходни за да бидат во служба на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поставен рекорд во центарот на Белград: 1.000 гитаристи свиреа истовремено
Концертот на „Guitar Art“ денеска собра 1.000 гитаристи на плоштад во Белград, кои поставија национален рекорд во присуство на инструменталисти кои свират на гитара и слични инструменти, пренесе српска „Политика“.
Концертот „1.000 гитари“ ги привлече пред се во центарот на Белград најмладите гитаристи и нивните учители, но заедно свиреа цели семејства, составени од три генерации: дедо, татко и син…
Имаше мајки и ќерки кои „замавнаа“ со белградскиот блуз квартет и специјалните гости на концертот, меѓу кои Дејан Цукиќ, Ју групата, Кики Лесендриќ и Пилотите, Срѓан Гојковиќ Гиле, Бојана Стаменов, Никола Чутурило – Чутура. „Ова е конечно моментот кога барем на еден час ги заменуваме силиконите за витамини на ’Трг Републике’. Ова е сеќавање на мојата младост и почетоци во рокенролот. Среќен сум“, изјави Никола Чутурило Чутура за Танјуг.
За неколку минути неколку илјади љубопитни луѓе се собраа на плоштадот да уживаат во првокласен музички настан.
Регион
Загинаа две лица, а пет се водат како исчезнати по судар на чамец и крузер во Дунав кај Будимпешта
Две лица го загубија животот доцна синоќа, а пет се водат за исчезнати во судар на мал моторен чамец и крузер на реката Дунав северно од Будимпешта, соопшти денеска унгарската полиција.
Телата на возрасен маж и жена се пронајдени северно од главниот град, а властите се уште трагаат по пет исчезнати лица.
Сома Чечи, портпарол на полицијата во Будимпешта, на прес-конференција рече дека, според досегашните сознанија, во чамецот имало вкупно осум возрасни лица и потврди дека две лица загинале, а пет се водат како исчезнати. Тројца мажи и две жени моментално се бараат со глисери и дронови, јавуваат унгарските медиуми.
Полицијата соопшти и дека во градот Комаром бил запрен поголем брод, а од увидот било откриено дека му е оштетен страничниот дел. Се врши увид и во тек е истрага за опасноста по водениот пат и смртта на неколку лица.
Регион
По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност
Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер Роберт Калинак за словачката новинска агенција ТАСР.
Состојбата на Фицо се подобрува, а лекарската комисија утре треба да одлучи дали тој ќе биде префрлен. Фицо моментално се опоравува во универзитетската болница во Банска Бистрица.
Фицо беше тешко повреден на 15 мај, по седницата на Владата во градот Хандлова, кога 71-годишниот писател Јурај Цинтула, од непосредна близина неколку пати пукаше со пиштол во него. Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување вчера му одреди притвор на Цинтула.