Регион
КФОР: Тачи може да оди каде што сака, не му треба дозвола
Портпаролот на КФОР, Винченцо Грасо, изјави дека косовскиот претседател, Хашим Тачи, има право да движи секаде низ Косово, без никаква дозвола.
Грасо го изјави тоа говорејќи за неодамнешната посета на Тачи на езерото Газивода, која дополнително ги затегна односите помеѓу Белград и Приштина. КФОР тврди дека не е точно оти имало инциденти, апсење или воени операции.
„Потврдуваме дека немало никакви инциденти, никакви апсења, никакви воени операции и напади врз кого било. Тачи ја посети областа и за време на посетата го следеше тим за заштита на важни личности во Косово“, рече Грасо, коментирајќи ја неодамнешната посета.
Грасо потврди дека КФОР не бил однапред известен за посетата, но рече дела Тачи како највисок лидер на институциите во Косово е слободен да се движи каде што сака.
„Косовската полиција не мора да праша никого за каква било дозвола за да оди на северот на Косово, така што тие не прекршија никакво правило“, рече портпаролот на КФОР.
Тој нагласи дека е точно тоа што го изјави српскиот претседател, Вучиќ, дека Безбедносните сили на Косово (ФСК) треба да побараат дозвола од КФОР за да одат на север, но дека „ниту ФСК, ниту каква било паравојска или специјални единици не го следеле Тачи во неделата, како што јавија некои медиуми“.
Грасо додаде дека ситуацијата во Косово е мирна и под контрола и дека КФОР ги повикува сите страни да ги намалат тензиите на најниско ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Хаос во Белград, одекнуваат топовски удари
Големи тензии се забележани вечерва пред Народното собрание во Белград, каде што голем број граѓани се собраа во поддршка на Дијана Хрка, мајката на трагично загинатиот Стефан Хрка, која утрово започна штрајк со глад.
Во исто време, во непосредна близина, во шаторска населба со прекар „Чациленд“, се собраа и поддржувачи на владата, а меѓу двете групи беше поставен силен кордон од полицијата за немири, пишува Нова.рс.
Како што објавија Нова.рс и Н1, пред зградата на Народното собрание одекнуваат топовски удари, а на улицата има голем број припадници на интервентната полиција кои се обидуваат да ги одвојат двата табора со кордон.
Počeli neredi pic.twitter.com/iWaqNQj6jc
— Luka Pesic (@LukaPes13010586) November 2, 2025
Ћацад кренула на народ. pic.twitter.com/7qkLEhzFWq
— Инжењер 🇷🇸 (@Ortodox_Serb) November 2, 2025
Povlače se ili regrupišu… pic.twitter.com/7ekWePriP4
— Momir Boskovic (@MBoskovic) November 2, 2025
Регион
Политико: Бугарија ја разгледува можноста да бара ослободување од санкциите на САД против „Лукоил“
Бугарија ја истражува можноста да побара ослободување од новите санкции на Соединетите Американски Држави против двете најголеми руски нафтени компании, Роснефт и Лукоил, објави Политико, пренесе бнр.бг.
Рафинеријата за нафта во Бургас, во сопственост на Лукоил, снабдува 80 отсто од горивото во земјата.
Според изданието, бугарската влада испратила барање до Вашингтон со цел да ја разбере можната реакција на американската администрација во случај на барање за ослободување од санкциите откако ќе стапат во сила на 21 ноември. Изданието се повикува на извори кои побарале анонимност.
Бугарските власти се загрижени за опасноста санкциите да доведат до затворање на рафинеријата во Бургас, што пак би можело да предизвика недостиг на гориво и последователни протести во земјата, коментира изданието.
Министерството за енергетика одби да даде коментар за Политико. Претседателската институција, исто така, не одговори.
Регион
Грција затвора 204 пошти
Грција затвора 204 филијали на државната пошта ЕЛТА, што претставува околу 45 проценти од вкупната мрежа. Компанијата го оправдува потегот со низок обем на работа и финансиски загуби, додека локалните жители и опозицијата жестоко реагираат.
Пензионерите од руралните средини, кои преку пошта ги примаат пензиите и лековите, предупредуваат дека ќе останат без основни услуги.
Во повеќе градови се одржуваат протести пред поштенските канцеларии, а клиентите ќе бидат пренасочени кон приватни курирски компании.
Поради растечкото незадоволство, во вторник е закажана вонредна седница на парламентот, на иницијатива на опозицијата.

