Регион
Лавров во посета на Србија на 18 јуни

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, следната недела доаѓа во Белград и ова ќе биде прва негова посета на една земја по епидемијата на коронавирусот.
Според „Новости“, Лавров треба да пристигне во Белград на 18 јуни, а домаќин ќе му биде неговиот српски колега Ивица Дачиќ, но главната средба ќе ја има со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Соработката меѓу двете земји на сите полиња и тековните проблеми на Балканот, пред сè, на Косово, се темите за кои ќе разговараат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Два земјотреси утрово во Србија

Два земјотреси со јачина од 2,7 и 2,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погодија Србија, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди населбата Гоч во општина Врњачка Бања во 7 часот и 18 минути, на длабочина од шест километри.
Вториот земјотрес, во 7 часот и 20 минути, со јачина од 2,9 степени ја погоди истата локација на длабочина од 10 километри.
Регион
Пленковиќ до Вучиќ: Бараj проблеми на друго место

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во четвртокот во Брисел изјави дека разбира оти во Србија се обидуваат да ги бараат проблемите на друго место, но дека не се во меморандумот за соработка во областа на одбраната, кој го потпишаа Хрватска, Косово и Албанија.
„Тоа е меморандум за заедничка соработка, нема непријателски карактер, затоа разбирам дека сега треба да ги бараме проблемите на друго место, но во овој текст ги нема“, рече Пленковиќ запрашан да ја коментира изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вучиќ во средата изјави дека ова е кршење на т.н субрегионалниот договор за контрола на оружјето од 1996 година и дека е речиси сигурно дека НАТО не бил информиран за тоа. Пленковиќ додаде дека овој меморандум ги помага напорите на Косово и Албанија во нивните реформи и размена на искуства.
Хрватска, Албанија и Косово потпишаа Декларација за зајакнување на одбранбената соработка, по што Србија најави дека ќе побара итно објаснување од министерствата за надворешни работи на Хрватска и Албанија во врска со потпишаниот документ.
„Тие отворија трка во вооружување во нашиот регион, тоа е тешка ситуација за нас, но ја разбравме нивната порака. Ќе ја спасиме нашата земја, ќе ги одвраќаме и секогаш успешно ќе ја браниме од секој потенцијален агресор, дури и од ваков моќен“, им рече Вучиќ на српските новинари по разговорите во НАТО со генералниот секретар Марко Руте.
Регион
Земјотрес на Крит

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, четврток, 20 март 2025 година во 18 часот и 27 минути на подрачјето на Крит, Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во област со географски координати од географска ширина 35,56 и географска должина 24,64.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 35 километри под површината на земјата.