Регион
Лавров: Западот прикрива злосторства на НАТО во Југославија
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека западните земји ги прикриваат злосторствата извршени за време на воената операција на НАТО во Сојузна Република Југославија (СРЈ) во 1999 година.
Агенцијата „Тасс“ пренесува дека Лавров ова го кажал во документарен филм на руската телевизија НТВ насловен „Скршнување за 180 степени над Атлантикот“, во кој тој зборувал за можност за меѓународна истрага против претставниците на НАТО во врска со смрт на цивили, напади врз цивилни објекти и употреба на осиромашен ураниум за време на бомбардирањето.
„Мислам дека Западот прави и натаму ќе прави се што е во негова моќ за да ги спречи ваквите истраги. Што се однесува до употребата на забранета муниција, Србите го испитуваат тоа. Кога ќе завршaт, ќе видиме што може да се направи за да се осигураме дека злосторствата нема да минат неказнето. Би сакал да повторам, не гледам никаква шанса дека меѓународните агенции во кои е вклучен Западот и во кои се бројат западните гласови, ќе се согласат на тоа. Напротив, тие ќе ги вложат сите напори за да го спречат тоа“, рече Лавров.
Тој во истиот документарец, оценува дека воздушниот напад на НАТО врз кинеската амбасада во Белград од 7 мај 1999 година можеби бил намерен.
„Мислам дека тоа било случајност, но од друга страна, не сум целосно сигурен“, изјави Лавров, запрашан да ги коментира воздушните напади.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Тинејџер загина во Будва, со „ситроен“ излетал од патот со двајца патници
Тинејџерот Лазар Ф. (15) загина во неделата во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Будва кога автомобилот што го управувал излетал од патот.
Во незгодата се повредени две лица, од кои едното е полнолетно – Ј. М., а другиот е малолетник – М.М.
Повредените веднаш биле префрлени во болницата во Котор.
Во полициското соопштение се наведува дека несреќата се случила во близина на стадионот, кај плажата Јаз, и се додава дека возилото удрило во дрво.
Тинејџерот управувал автомобил „ситроен“ со будвански регистарски таблички.
Регион
Неписмени гангстери: реакција на Милановиќ по одлуката на Уставниот суд
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ја коментираше одлуката на Уставниот суд за неговата кандидатура.
Медиумите во регионот потсетуваат на одлуката на Уставниот суд во која е заклучокот дека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ не може да учествува во политичките активности на ниту една политичка партија додека ја извршува својата функција. Претседателот на Уставниот суд,Мирослав Шепаровиќ му забранил да биде на избирачкиот список и на кој било начин да учествува во изборната кампања додека е претседател.
„Тоа го направија на гангстерски начин. Тие не ми можат ништо, но јас им можам. Тоа се сељаци, неписмени. Писмен човек, барем тој што завршил автошкола, има проблем со тоа“, рече тој.
Зоран Милановиќ потоа на насобраните во Вела Лука им ја прочитал одлуката на Уставниот суд.
„Најверојатно хрватскиот го научиле во автомеханичарска работилница. Според овие неписмени гангстери, тоа е забрането, но не е“, рече тој.
„Ова мора да се реши на избори. На крајот ќе бидам премиер, но нема да и кажувам на таа банда како. Ќе бидам кандидат на изборите, како што можев да бидам и на европските избори. Јас нема да си дадам мандат. Што е тука спорот, неписмени гангстери“, праша тој.
Собирот на ХДЗ во Лисински го нарече бал на вампирите. Тој рече дека во првите редови имало двајца ректори на државните универзитети.
„Со гангстерите ќе се справиме по изборите“ рече тој.
Регион
Уставниот суд на Хрватска одлучи, Милановиќ не може да се кандидира за функцијата
Хрватскиот Уставен суд одлучи Зоран Милановиќ дека не може да биде на списокот за парламентарните избори.
Актуелниот претседател не може да биде кандидат за премиер.
Во членот 96 од Уставот е предвидено дека претседателот на Републиката не може да врши други јавни или професионални должности. Претседателот на Републиката е непартиско лице и при вршењето на оваа должност не смее да учествува во политичките активности на ниту една политичка партија, што исклучува секаква можност претседателот на Републиката, во контекст на распишаните парламентарни избори, да биде кандидат на листата за избор на претставници или предложен за кандидат за функцијата претседател на Владата на Република Хрватска и во тоа својство да учествува во политичката изборна кампања.