Регион
Лавров ја отфрли можноста за прекројување на границите на Балканот, тоа е неприфатливо
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ја отфрли можноста за прекројување на границите на територијата на поранешна Југославија.
На заедничката прес-конференција по разговорите со српскиот колега Никола Селаковиќ, Лавров рече дека идејата за „Голема Албанија“ како форма на решавање на косовскиот проблем, како и изјавата на словенечкиот премиер Јанез Јанша дека распадот на Југославија уште не е завршен се неприфатливи, многу штетни и провокативни.
„Разговорите за голема Албанија не се појавија денес, ние секогаш ги повикуваме нашите партнери од ЕУ и НАТО да ги пресечат таквите планови и да не дозволат да се форсира таква реторика“, рече Лавров.
„Тоа е многу опасна игра. Постои Резолуција 1244, која не е укината, а одговорните политичари, особено шефовите на владите на европските земји, немаат право да презентираат идеи што го поткопуваат самиот концепт утврден во Резолуцијата 1244″, рече Лавров.
Тој потсети дека Резолуцијата го почитува суверенитетот на Србија, како и дека статусот на Косово треба да се најде во преговорите меѓу Белград и Приштина.
„Како што рече претседателот Путин, ние ќе го поддржиме секое решение што и одговара на Србија“, рече Лавров.
На прашањето дали Вашингтон врши притисок врз Србија да се приклучи кон санкциите против Русија, тој рече дека „секогаш има притисок“, но дека позицијата на Србија нема да се промени, бидејќи „никогаш нема да воведе санкции за Русија“, рече Селаковиќ
„Русија е наш стратешки партнер, наш пријател кој постојано нè поддржува“, додаде Селаковиќ, кој денес ја завршува дводневната посета на Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Делегацијата на ЕУ во БиХ ги осуди инцидентите на концертот на Томпсон: „Покажете почит кон жртвите“
Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина ги осуди инцидентите на концертите на Марко Перковиќ Томпсон во Широки Бријег минатата недела, кога дел од публиката извикуваше усташки слогани и поздравуваше со крената десна рака.
„Фотографиите и видеата од неодамнешниот концерт во Широки Бријег ги покажуваат учесниците како извикуваат слогани и нагласуваат карактеристики поврзани со фашистички идеологии. Глорификацијата и релативизацијата на фашистичките идеологии немаат место во демократското општество и нè потсетуваат на најтемните периоди од европската историја“, се вели во соопштението, пренесува „Тпортал.хр“.
Во исто време, ЕУ ги повика сите да покажат почит кон жртвите на злосторствата извршени за време на Втората светска војна, а „надлежните органи да ги истражат инцидентите во согласност со домашното законодавство“, се вели во соопштението.
Извикувањето на усташкиот слоган „Подготвени за дом“ и поздравувањето со крената десна рака на концертите на Томпсон одржани на 13 и 14 февруари во вторник беа осудени од ОБСЕ и мисијата на Обединетите нации во Босна и Херцеговина.
Тие, исто така, ги повикаа властите во БиХ да спроведат истрага и да ги санкционираат сите оние што се однесуваат на овој начин.
Регион
(Видео) Објавени снимки од последните денови пред трагедијата поврзана со култ во Бугарија
Бугарската полиција и обвинителството денес презентираа детални информации за трагичниот случај со шест жртви во областа Петрохан – Околчица поврзани со култ.
Беше потврдена и образложена информацијата дека за мртвите мажи, пронајдени на 2 февруари кај хижата „Петрохан“, станува збор за самоубиство, а за телата пронајдени подоцна во кампер под врвот „Околчица“ – за убиство проследено со самоубиство, јави „Њуз.бг“.
На брифингот беа претставени снимки од шест камери, кои органите на прогонот ги споделија со медиумите. Станува збор за видеа од 31 јануари, 1 и 2 февруари 2026 година. Снимките се од надворешниот дел на панинарската куќа и приодот – од синџир во регионот, патот и крстосницата во близина, рампата, паркингот и задната порта на објектот.
Стана јасно дека дел од камерите снимале само при детектирано движење. На една од снимките се слушаат истрели во самата колиба, при што се гледа и пожарот во објектот. На 2 февруари веќе нема траги од луѓе и возила во периметарот на колибата.
На некои од снимките се гледа и секојдневието на ренџерите, како и пристигнувањето или заминувањето на џиповите што ги користеле. Кадрите прикажуваат и ритуал, во кој учесниците клекнуваат и се поклонуваат до земја, упатувајќи благодарности и молитви.
Регион
Вучиќ се сретна со Макрон: Разменивме мислења за улогата на Србија и Франција во новиот свет што се создава
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска, за време на посетата на Индија, се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон.
„На другиот крај на светот, во Њу Делхи, со пријателот Емануел Макрон секогаш срдечно и во добро расположение, особено по исклучителната вечера што ни ја приредија љубезните домаќини“, напиша Вучиќ на Инстаграм и додаде:
„Иако немаше време за сериозни и тешки теми, искористивме неколку моменти да размениме мислења за самитот во Индија и за местото и улогата на Србија и Франција во новиот свет на чие создавање сме сведоци.“
View this post on Instagram
Во текот на денот, претседателот Вучиќ имал почесно место на вечерата во Њу Делхи што ја организирал индискиот премиер Нарендра Моди. На свечената вечера за светските лидери, Вучиќ седел покрај францускиот претседател Емануел Макрон.

