Регион
Лекар и професор, семејството на убиецот од Белград било кремот на општеството и примерно, откри Вучиќ
Претседателот на Србија Александар Вучиќ обраќајки се пред јавноста по грозоморното убиство во училиштето во Белград откри дека човекот од обезбедувањето кој беше меѓу убиените разменувал пораки со момчето. Тој, како што рече Вучиќ, бил добриот дух на училиштето.
„Не можам да зборувам за имиња, според законот, морам да ги чекам обвинителите. Откако слушав и читав различни приказни за тоа како децата и родителите се борат да преживеат. Овде сè е спротивно. Овие луѓе се добро ситуирани. Нивниот приход не е помал од 300.000. Станува збор за луѓе кои биле примерни, кремот на општеството. Лекар и професор. Таткото направил еден прекршок во животот. Чиста биографија“, кажа Вучиќ посочувајќи детали за семејството на младиот убиец.
„Момчето во изјавата на чуден начин објасни чудно објасни како сето тоа го планирало. Велат дека претходно се заканувал со бомби. Ве молам не измислувајте. Меѓутоа, тој се исплаши по првиот коктел, па престана“, додаде тој.
“Тој побарал од родителите да биде префрлен во друго одделение на училиште. Бил најдобриот ученик и сите го избегнувале. Барал да го префрлат на место каде што има тројца другари и добро му одело. Немаше што да каже за неговата родители, освен што од него, барале само подобри резултати. А нешто послаби резултати имал само кога бил заљубен. Не се снајде ни во ново одделение и се одлучи на монструозен чин“, истакна српскиот претседател.
„Ќе си дадам за право да предложам мерки како претседател: Освен кога се работи за ловечко оружје, воведување мораториум за чување и носење оружје во следните две години. Ревизија на сите дозволи за оружје. Да се контролира начинот на кој лицата кои имаат дозвола да држат оружје. Контролирање на работата на сите полиња за стрелање. Пропишување кривична одговорност за лица кои дозволуваат пристап на малолетници до оружје. Ова е мојот предлог и размислете за тоа во Владата: Денеска зрелоста настанува порано, а можно е и деца и помлади да почнат да вршат кривични дела – намалување на старосната граница за кривична одговорност од 14 на 12 години“, се само дел од мерките кои српскиот претседател Вучиќ ги посочи во своето обраќање откако уторво во Белград се случи масакрот во училиштето во Белград.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Изгласана новата влада на Хрватска: Пленковиќ по трет пат стана премиер
Пратениците во хрватскиот Сабор вечерва гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ. За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Претседателот и членовите на Владата потоа дадоа заклетва пред пратениците, со што Андреј Пленковиќ го започна третиот последователен мандат како премиер.
Во Собранието денеска беше претставена четиригодишната програма на новата Влада, која се заснова на „успешна, витална, праведна, одржлива и суверена Хрватска“.
Во новиот мандат, владата на Пленковиќ најавува просечна нето плата од 1.600 евра, минимална бруто плата од 1.250 евра, како и отворање на 125.000 нови работни места.
До крајот на мандатот на новата влада, пензиите треба да се зголемат за најмалку 30 отсто, со што просечната пензија би изнесувала најмалку 750 евра.
Новата влада наместо досегашните 16 ќе има 18 министерства и седум потпретседатели.
Регион
Дачиќ и Весиќ: Човечки фактор е причина за судирот на возовите
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека причина за судирот на возовите во тунелот, во кој нема жртви, е човечки фактор, а министерот за транспорт Горан Весиќ изјави дека се повредени 13 патници, од кои четворица се однесена во ургентен центар.
– Возот помина низ безбедносното светло и удри во товарен воз кој чекаше дозвола да оди до станицата Овча – изјави Весиќ.
Дачиќ за новинарите изјави дека често има жртви во несреќи како оваа и дека е вистинска среќа што во денешниот судир нема жртви и што сите патници излегле од возот.
„Најважно е да нема жртви“, изјави Дачиќ за новинарите.
Началникот на Секторот за вонредни состојби на МВР, Лука Чаушиќ, кој излезе на местото на настанот заедно со министрите Дачиќ, Весиќ и директорката на претпријатието „Инфраструктура железнице Србија“ Јелена Танасковиќ, изјави дека во 18 часот и 42 минути добиена е дојава за судирот, по што на терен излегле вкупно 25 пожарникари.
– Пристигнувајќи на местото на настанот во 18 часот и 48 минути, констатирано е дека возот за итни случаи се судрил со патнички воз во тунелот на длабочина од 400 метри од влезот – изјави Чаушиќ.
Тој додаде дека четири лица биле извлечени низ тунелот за евакуација. Дачиќ рече дека најважна улога имаат пожарникарите, бидејќи лекарите од итната помош не можеле да дојдат до патниците.
Министерот за транспорт Горан Весиќ изјави дека деталите за несреќата ќе се знаат кога Комисијата „Железничка инфраструктура на Србија“ ќе објави официјален извештај, кој се очекува во текот на утрешниот ден.
Регион
Дачиќ: Припадниците на полицијата евакуираа девет лица од возовите
Веднаш по добиената дојава дека во тунел дошло до судир меѓу патнички и товарен воз, на местото на настанот пристигнале бројни полициски сили и 25 пожарникари-спасувачи со седум возила, со оглед дека екипите на итната медицинска помош нене можеле да се приближат до местото на судирот, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Пожарникарите-спасувачи успеале, како што додаде, да стигнат до местото и евакуирале девет повредени лица и ги предале на екипите на итната помош за понатамошно лекување.
„Припадниците на српската полиција се уште се на терен и ги преземаат сите мерки и дејствија од нивна надлежност“, изјави Дачиќ.