Регион
Лондон покренува кампања во која апелира до Албанците да не мигрираат кај нив
Велика Британија во наредните денови ќе започне кампања со која ќе ги советува албанските граѓани да не мигрираат во Британија.
За таа цел е креиран оглас на албански јазик кој ќе им се појави на албанските корисници на Фејсбук и Инстаграм, а во него Албанците се предупредуваат дека во случај на обид за миграција ќе се соочат со притвор или депортација , објави Би-Би-Си.
Владата во Лондон најави дека кампањата ќе започне следната недела и дека ќе биде многу јасно што ги чека мигрантите кои ќе пристигнат со бродови.
Албанците најмногу аплицираат за азил во Британија и до март годинава 13.714 државјани на Албанија побарале да останат на островот.
Според британската полиција, Албанија е безбедна и просперитетна земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Нови Сад пронајдено тело на обезглавена жена, уапсен e синот
Тело на обезглавена жена е пронајдено денеска во новосадската населба Телеп, пренесува Танјуг. Нешто пред 12 часот ќерката повикала полиција и рекла дека брат и ја нападнал нејзината мајка.
По пристигнувањето полицијата го пронашла синот со траги од крв на рацете и безглавото тело на мајката кое било далеку од телото. Убиената е родена 1947 година, додека осомниченит за убиството е роден 1977 година и имал психички проблеми.
На лице место се спроведува истрага, а присутен е и обвинител на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.
Од полициската управа во Нови Сад за Танјуг потврдиле дека се случило убиство и дека синот е уапсен, но повеќе детали не се откриваат.
Регион
(Видео) Брод полн со патници удри во гребен во Хрватска
Катамаранот „Принцот од Задар“ вечерва се насука во близина на хрватскиот остров Премуда.
Како што пренесува 24часа.хр, бродот удрил во гребен пред островот, кој е прва станица на неговата рута.
Се додава дека во бродот имало околу 50 патници. Набрзо на помош пристигнале и бројни мештани кои ги префрлиле патниците кои чекале со елеци за спасување во приватни чамци.
Патниците ги чека траектот Јадролинија, кој беше на пат кон Задар.
Регион
Пленковиќ за апсењето на министерот за здравство: „Јас сум згрозен, ова е предавство“
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, денеска, по повод апсењето и разрешувањето на министерот за здравство, Вили Берош, изјави дека е згрозен и дека надлежните органи имаат целосна поддршка од него и од неговата влада.
„Лично сум згрозен што некој би искористил позиција за лично богатење, тоа е незаконски чин на министерот и некои други. Здравството е особено чувствителна тема за сите граѓани. На Берош му беше доверено да се грижи за здравствениот систем и за здравјето на граѓаните и да управува со ресурсите на легален начин. Ниту тој ниту некој друг добил мандат за злоупотреба на системот“, изјави Пленковиќ на новинарите.
Тој исто така посочи дека ова може да се смета за чин на предавство.
Пленковиќ рече дека за секое вакво однесување на правосудните органи, колку и да се непријатни за владата во моментот, тие ја имаат целосната поддршка од извршната власт и нивната поддршка.
„Граѓаните знаат дека ние како влада нема да заштитиме никого од кривично гонење, без разлика за кого станува збор“, рече Пленковиќ и додаде дека ако се докаже дека овие обвинувања против Берош се точни, тој тоа го гледа како личен чин на предавство.
Тој додаде дека на коалицискиот состанок било констатирано дека владата ужива поддршка за работа на теми многу поважни за граѓаните и економијата на државата.
Пленковиќ рече и дека нема сознанија за евентуална штета предизвикана од коруптивните активности за кои се обвинети Берош и други.
Пленковиќ уште еднаш даде целосна поддршка на ДОРХ и другите надлежни органи оценувајќи ја општата моментна состојба како многу лоша.
Хрватските медиуми пишуваат дека првоосомничен е контроверзниот претприемач Хрвоје Петрач. Но, тој не е уапсен и моментно не е во Хрватска.
„Јутарњи лист“ наведува и дека Берош е обвинет за земање поткуп од 25.000 евра за набавка на спорни апарати за вкупно 75.000 евра.