Регион
Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград
Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи Конзорциумот на приватни превозници, и со него се возел низ градот.
Возачите бргу забележале дека нема автобус, повикале полиција и крадецот бил фатен. Никој не сакал да зборува за овој пропуст на возачот на линијата 59, освен да потврди дека тоа навистина се случило. Според некои информации, станува збор за момче што им било познато на возачите, поточно „кое сакало да се дружи и да разговара со возачите на јавниот превоз“.
„Недалеку од стадионот на ‘Црвена звезда’ видов паркиран автобус со број 59. Малку се изненадив што беше паркиран, но повторно не ми беше премногу чудно бидејќи сите линии беа нарушени поради протестите. Но, ми беше чудно кога истиот автобус, за кој знам кој беше неговиот возач, го видов како ме заобиколува кај ‘Драгиша Мишовиќ’. Зад воланот не беше мојот колега, туку овој младич“, вели возач на автобус, кој сакал да остане анонимен, за „Политика“.
Не е познато точно колку лица имало во автобусот за време на кражбата затоа што кружеле разни информации почнувајќи од тоа дека имало само една повозрасна жена, па до тоа дека имало неколку врсници на малолетниот крадец.
Седумнаесетгодишниот С. Б. е уапсен од полицијата под сомнение дека украл градски автобус и со него се возел низ Белград.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено користење туѓо возило.
За среќа, сè завршило без сериозни последици, особено ако е точна информацијата дека зад воланот било момче без возачка дозвола!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ужас во Загреб: пронајдено тело во автомобил во одводен канал
Граѓани попладнево во одводен канал во Загреб пронашле возило со тело на непознато лице, соопшти полицијата.
Повикот во полиција стигнал нешто по 13 часот.
Полицијата набрзо пристигнала на локацијата меѓу Антуновац и Тења и потврдила дека лицето во возилото починало, пишува Вечерњи лист.
Истрагата е во тек.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.