Регион
Мајка пријавила дека нејзината ќерка била силувана од двајца непознати мажи во Приштина
Жена од Приштина пријавила во полиција дека нејзината малолетна ќерка била силувана од двајца непознати мажи, пишува „Газета експрес“.
Како што пренесува овој медиум на албански јазик, за овој случај е известен и обвинителот.
Во пријавата пишува дека на „31.12. жена пријавила дека нејзината малолетна ќерка била силувана од две непознати лица“.
Истрагата за овој случај е во тек, според написот во медиумот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Mицотакис испрати порака до жителите на Санторини по серијата земјотреси – над 200 само во последните 48 часа
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ги повика жителите на островот Санторини да останат смирени и да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита.
Во врска со зголемената сеизмичка активност што се случува во островскиот регион, тој рече дека властите „управуваат со интензивниот феномен“, пренесува „Прототема“.
„Мораме да управуваме со многу интензивен геолошки феномен. Побарав од ресорното министерство да изготви научен преглед на феноменот во следните неколку дена за сите да знаат со што се соочуваме“, рече тој.
Во изминатите 48 часа околу островот се регистрирани повеќе од 200 земјотреси, а зголемената сеизмичка активност предизвика загриженост кај властите и научниците.
Регион
Приштина прогласи вонредна состојба поради ѓубрето: „Ризикот од епидемија е голем“
Приштина, главниот град на Косово, прогласи вонредна состојба поради големото количество ѓубре на улиците, јавува агенцијата „Анадолија“.
Градоначалникот на Приштина,Перпарим Рама, изјави дека регионалното јавно претпријатие „Пастрими“, единственото претпријатие одговорно за собирање смет во градот, не ја извршува ефикасно својата должност.
Истакнувајќи дека „Пастрими“ нема капацитет самостојно да го преземе управувањето со отпадот, Рама рече: „Ќе продолжиме со вонредната состојба што ја прогласивме, да ангажираме приватни компании да помогнат за правилно чистење на главниот град“.
Властите велат дека теренските увиди од екипи утврдиле висок ризик од епидемија поради смет и дека состојбата е алармантна.
Во некои населби во Приштина со денови не се празнат контејнерите за ѓубре.
Извршниот директор на компанијата „Пастрими“ Петрит Речица реагираше на критиките дека компанијата со која раководи не си ја врши работата како што треба.
„И покрај сите тешкотии, работиме без престан 24/7 и не се откажуваме од нашата единствена цел, а тоа е да ја исчистиме Приштина од ѓубре“, напиша тој на социјалните мрежи.
Поради слична ситуација, Приштина прогласи вонредна состојба во 2024 година и вклучи приватни компании во процесот на управување со отпадот.
Но, подолгорочно решение опозицијата го спречи со донесување на уредба со која „на фирмата „Пастрими“ и се даде ексклузивно право да ја дава оваа услуга.
Регион
Даночната управа во БиХ објави изненадувачки податоци за бојкотот: прометот поголем од вообичаеното
Бојкотот на продавниците организиран на последниот ден од јануари во Босна и Херцеговина во знак на протест против високите цени, според податоците на Даночната управа, не ги даде очекуваните резултати, а организаторите на акцијата најавуваат нови подолгорочни мерки.
Официјалните статистички податоци покажуваат дека прометот во продавниците на 31 јануари бил еднаков или дури поголем од претходните денови. Според податоците на Даночната управа на Босна и Херцеговина, продавниците оствариле промет од 52,1 милиона евра, што е уште повеќе од претходниот ден кога изнесувал 51,9 милион, а значително повеќе од пред една недела кога прометот бил 47,2 милиони евра.
И покрај неочекуваната статистика, организаторите на бојкотот не се откажуваат и најавуваат нови подолгорочни акции, кои имаат цел да ги притиснат трговските синџири да ги намалат цените и да обезбедат пофер услови за потрошувачите. Планиран е повеќедневен бојкот, како и промовирање алтернативни форми на купување производи директно од производителите и локалните трговци на мало. Така, за работните денови од понеделник до петок, 6 февруари, организаторите ги повикаа граѓаните да ги намалат набавките, а в петок, 7 февруари, и в сабота, 8 февруари, повикуваат на тотален бојкот на продавниците.