Регион
Мета: Одложувањето на изборите е единствениот начин да се спречи конфликт

Албанскиот претседател Илир Мета го обраложи одложувањето на локалните избори во земјата, кои беа закажани за 30 јуни, истакнувајќи дека на тој начин би можела да се избегне уште понапната политичка ситуација.
„Постои опасност ситуацијата во Албанија да ескалира, што може да предизвика последици по националната стабилност на земјата. Ова е закана за мирот. Одржувањето на слободните избори без учество на опозицијата крши одредени уставни принципи. Како претседател не смеев да го допуштам тоа“, изјави Мета, критикувајќи ги власта и опозицијата бидејќи се држат до своите екстремни ставови.
Како што истакна, без датумот кој ќе го одреди претседателот, нема да има избори.
Укажувајќи дека овој чекор не креира никаков вакуум во работата на локалната власт, тој ги повика политичките партии во Албанија на дијалог за решавање на кризата, по што ќе биде соопштен нов датум за локалните избори.
„Ова е единствен начин да се придонесе кон решавање на кризата во земјата. Ги повикувам сите локални и меѓународни актери да воспостават дијалог и да пронајдат решение што ќе биде во интерес на европската иднина на земјата“, заклучи Мета во обраќањето.
Потоа Мета во живо го потпиша указот за поништување на претходната уредба за одржување избори на 30 јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.