Регион
Мечка нападнала спасувачи кои трагаат по загубено девојче во БиХ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/0ddcd809-280f-480b-8da1-7fe23e3959f7.jpg)
Членови на Планинарската спасувачка служба Горњи Вакуф – ловџии и мештани веќе втор ден трагаат по 15-годишната Е.Р. која исчезна вчера во попладневните часови во областа Бистричка Рика во Босна и Херцеговина.
Потрагата траела до доцна синоќа, а рано утринава продолжила пришто влучени биле десетина лица.
Според информациите на локалниот портал GornjiVakuf.com, групата била нападната од мечка додека го пребарувала теренот, но за среќа нема повредени.
Девојчето последен пат било видено вчера околу 14:30 часот на патот Горњи Вакуф – Нови Травник, а претходно влегло во продавница од каде купило сок. Таа носела црна јакна, црвен ранец, црни панталони и бели патики. Станува збор за девоче со тешкотии во развојот.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Централниот босански кантон Хасан Хоџиќ изјави дека полицијата е запознаена со исчезнувањето на девојчето и ги презема сите мерки за нејзино пронаоѓање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Константинос Тасулас избран за претседател на Грција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/1739360064-7233110-750x500.jpg)
Поранешниот претседател на грчкиот парламент, Константинос Тасулас, денеска е избран за нов шеф на државата, а ќе ја наследи Катерина Сакеларопулу, чиј петгодишен мандат истекува во март, објави порталот „Катимерини“.
Шеесет и шестгодишниот Тасулас, адвокат и татко на две деца, е пратеник од 2000 година, а претходно раководеше со Министерството за култура и ја извршуваше функцијата заменик-министер за одбрана.
За Тасулас гласаа 160 пратеници во 300-члениот парламент.
Тасулас беше номиниран за шеф на државата од премиерот Киријакос Мицотакис наведувајќи дека тоа го направил врз основа на политичкото искуство на Тасулас, неговиот обединувачки дух и фактот дека е широко прифатен.
Политичките аналитичари ја сметаат номинацијата на Тасулас како обид на Мицотакис да ја зацврсти својата позиција на власт, објави „Ројтерс“ потсетувајќи дека конзервативната партија на Мицотакис, Нова демократија, има тесно парламентарно мнозинство со 156 места и е под зголемен притисок.
Тасулас ќе положи заклетва на 13 март, кога и официјално ѝ завршува мандатот на актуелната претседателка Катерина Сакеларопулу.
Регион
Тинејџер се качил на вагон во Белград, го удрила струја и добил тешки изгореници
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/voz-struja.jpg)
Момче (15) е тешко повредено откако на железничка станица во Белград го удрило струен удар.
„Телеграф“ јавува дека момчето се качило на возот за да се фотографира.
Со него имало уште двајца 15-годишници кои биле сведоци на несреќата, но како што пишува „Телеграф“, тие не се качиле на вагоните.
Тинејџерот е во многу тешка состојба, се здобил со тешки изгореници по целото тело. Итно бил пренесен во болница и е на респиратор.
Регион
Уште еден силен земјотрес со јачина од 5 степени го погоди Санторини, драмата продолжува: се тресеше и во текот на ноќта
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-12-105241.jpg)
Пет земјотреси ја погодија областа меѓу Аморгос и Санторини во текот на ноќта, соопшти Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина.
Најсилниот земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала беше утринава во 3.14 часот на 24 километри југоисточно од Аморгос, пишува „Катимерини“.
Потоа следуваа уште четири помали земјотреси со јачина од 4, 4,6, 4 и 4,1 степени, кои беа регистрирани во периодот од 3.35 до 4.23 часот.
Во 6.21 часот е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4,1 степени на 230 километри југоисточно од Атина.
Оваа серија земјотреси е дел од тековната сеизмичка активност, која почна на почетокот на февруари.
Од 1 февруари повеќе од 1.100 земјотреси се регистрирани во регионот на Кикладите, од кои најсилниот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.
Поради континуираната сеизмичка активност, училиштата на Санторини, Анафи, Аморгос и Јос се повторно затворени оваа недела.
Научниците продолжуваат да предупредуваат дека сеизмичката активност може да продолжи со месеци и дека не ја исклучуваат можноста за голем земјотрес, како и помали вулкански ерупции во областите Неа Камени или Колумба.